„Корона вирусот стигна и во македонија, а министерот за здравство Венко Филипче и Владата на СДСМ, покажаа неорганизираност и хаос“, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ. Од партијата велат дека се загрижени поради слабиот капацитет на надлежните институции да одговорат на ситуацијата.
-
Македонија 27.02.2020 13:53
-
Македонија 27.02.2020 13:48
Шилегов: Се одложуваат сите екскурзии на средношкоците во Италија
Сите екскурзии на средношколците од Скопје за Италија се одложуваат на неопределено време - соопшти градоначалникот Шилегов. Целта е да се спречи ширење на вирусот Ковид-19.
-
Македонија 27.02.2020 13:27
Тодоровиќ не дојде на рочиштето за „Рекет“, судењето одложено за утре
Рочиштето за предметот „Рекет“ е одложено. Не се појави најавениот сведок- поранешниот градоначалник на Општина Центар, бизнисменот Владимир Тодоровиќ. Со писмен поднесок го известил судот дека од 25-ти до 28-ми февруари ќе престојува во Бугарија поради деловни обврски.
-
Македонија 27.02.2020 13:17
Вишеградска група: Поддршка за евроинтеграција на Западен Балкан
Министрите за надворешни работи на Вишеградската група земји во Прага дадоа поддршка за евроинтеграцијата на Западниот Балкан.
-
Македонија 27.02.2020 12:53
СДСМ и Беса потпишаа договор за предизборна коалиција
Падна договор за првата предизборна македонско- албанска коалиција за предвремените парламентарни избори. Предмалку во Музејот на современа уметност го потпишаа лидерите на СДСМ и на БЕСА, Зоран Заев и Билал Касами.
-
Македонија 27.02.2020 12:41
Мијалков: БЈБ го водеше случајот „Монструм“, УБК беше вклучена со помагање во информации
Со сведочење на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков денеска во скопскиот Кривичен суд продолжи судењето за предметот „Монструм“ кој се однесува за убиството на четирите момчиња и рибарот кај Смилсковското Езеро на 12 април 2012-та.
-
Македонија 27.02.2020 12:29
Домашна изолација за деветмина, пациентката со потврден корона вирус е во добра состојба
Сопатниците од комбито со кое патувала скопјанката инфицирана со корона вирус, остануваат во домашна изолација. Контактирале само со семејствата. Хоспитализираната пациентка на Инфективна клиника нема компликации поради вирусот, и се лекува во изолација.
-
Македонија 27.02.2020 12:28
Долниот дом на Шпанскиот парламент го усвои Протоколот за членство во НАТО, следува процедурата во Сенатот
Протоколот за членство во НАТО е усвоен на денешната седница на Долниот дом на Шпанскиот парламент.
Шпанските парламентарци изутринава го ратификуваат Протоколот за членство на земјава во НАТО на предлог на Комисијата за надворешни работи која го усвои минатата недела.
-
Македонија 27.02.2020 11:42
Сите кои допатувале од региони со корона вирус задолжително да се јават на телефоните на центрите за јавно здравје
Владата апелира- сите граѓани што допатувале од регионите со официјална епидемија со коронавирусот задолжително да се јават на контакт телефоните на центрите за јавно здравје.
-
Македонија 27.02.2020 10:07
Агрометеоролошките станици корисни за земјоделците
Почна работењето на агрометеоролошки станици во Југоисточниот регион во нашава земја. Наредниот период ќе биде погоден за сеидба на пролетната зелка е информацијата што ја добиваат фармерите од струмичкиот регион.






