На овој јавен повик на на земјоделските стопанства им се на располагање вкупно 13,3 милиони евра обезбедени од европската ИПАРД 2 програма.
-
Македонија 24.02.2020 10:23
-
Македонија 24.02.2020 10:03
Конференција во Солун за перспективите на Западен Балкан во ЕУ
Промовирање на европскиот пат на сите земји од Западниот Балкан и враќање на проширувањето како приоритет на ЕУ, е целта на Конференцијата на високо ниво „Од Солун до Загреб“.
-
Македонија 24.02.2020 09:40
Три деца загинаа во експлозија во Романовце, на повредите им подлегна и 58-годишен маж
Кобно неделно претпладне за семејството Алими од кумановско Романовце. Викендот кој требало да ги собере најблиските на иста маса, се претворил во трагедија.
-
Македонија 21.02.2020 15:42
Демографите предупредуваат- иселувањето е критично
Германија, САД и Швајцарија се „Ел Дорадо“ за македонските граѓани во последниве години. Официјална бројка колку луѓе се иселиле нема, но според податоците на Еуростат околу 110 илјади државјани се трајно надвор од државата.
-
Македонија 21.02.2020 15:32
Партиски комбинаторики за предизборни и постизборни коалиции
На помалку од два месеца пред изборите, почнаа комбинаториките. Можни се и нови изборни коалиции. Партиите од македонскиот и од албанскиот политички блок со свои прогнози и најави за победа на 12-ти април. Од ДУИ се убедени дека како победник на претстојните избори ќе биде дел од новата влада.
-
Македонија 21.02.2020 15:03
Чолош: Транспарентна изборна кампања- доказ за подготвеност за процесот на преговори
Земјава ги исполни критериумите што ги побараа Европската комисија и земјите членки, но треба да се продолжи со реформи, не дека тоа го бара ЕУ, туку оти тоа е потребно за граѓаните, рече, претседателот на парламентарната група, „Обнови ја Европа“.
-
Македонија 21.02.2020 14:56
Ахмети: ДУИ плати висока цена за „Монструм“, сакаме да се расветли случајот
„Стравувавме да не дојде до судир и ексалација на состојбата“, вели лидерот на ДУИ, Али Ахмети на денешното сведочење за случајот „Монструм“.
-
Македонија 21.02.2020 14:36
Двајца кинески работници во изолација, иако се без симптоми на коронавирус
Двајца инженери ангажирани од кинеската компанија „Синохидро“ на автопатот Кичево- Охрид пристигнаа во земјава. Немаат симптоми на коронавирусот, но сепак епидемиолозите превентивно ги ставиле под двонеделен здравствен надзор во кичевското село Извор.
-
Македонија 21.02.2020 14:25
МО: ВМРО-ДПМНЕ продолжува со лажните вести
ВМРО-ДПМНЕ продолжува со лажните вести, откако вчера јасно беше кажано дека се работи за различна инженериска машина, нивната пропагандна машинерија продолжува да манипулира, се вели во реакцијата на Министерството за одбрана.
-
Македонија 21.02.2020 13:38
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја одведе и државата и својата партија во долгови
ВМРО-ДПМНЕ е партија со долг од 8 милиони евра, а Христијан Мицкоски е стечаен управник на најнедомаќинската и најрасипничката партија, велат од владејачката СДСМ.




