Забрана за увоз на отпад сѐ до формирање функционални механизми за регулација, вклучување на граѓанските организации во контролните тела и инспекцискиот надзор и акредитирање на лабораториите на Хемискиот факултет и Министерството за животна средина, се дел од барањатаупатени до Владата.
-
Македонија 05.02.2020 15:15
-
Македонија 05.02.2020 14:54
Темпо на преговори врз основа на реформите, враќање на почеток ако нема успех
Силна перспектива за полноправно членство во ЕУ, базирана на заслуги е во фокусот на новата методологијата за преговарачкиот процес што ја предлага Комисијата.
-
Македонија 05.02.2020 14:45
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ денеска ќе го поднесе предлогот за распуштање на Собранието
Одлуката за барањето за распуштање Собранието е донесена поради обидите на поранешниот премиер Заев, изборите да се одложат, иако исполнети се сите услови за нивно одржување, е ставот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 05.02.2020 14:29
Говорот на омраза поприсутен во предизборието
Предизборието го повампирува говорот на омраза. Предизвикува кривични дејствија, му пречи на политичкото помирување и создава уште посилна политичка поларизација, согласни се од медиумската заедница, мисијата на ОБСЕ и од МВР.
-
Македонија 05.02.2020 13:59
Поголема соработка меѓу армиите на Македонија и Србија
Началникот на Генералштабот на Армијата, генерал- потполковник Ѓурчиновски на средба со генералот Мојсиловиќ, началник на Генералштабот на српската војска.
-
Македонија 05.02.2020 13:51
Железничкиот сообраќај втор ден во прекин
Патничкиот и товарниот железнички сообраќај и денеска се во прекин. Продолжи бојкотот на машиновозачите, кои бараат зголемување на додатокот за квалитет за уште 10 проценти, што сметаат оти им следува со колективниот договор.
-
Македонија 05.02.2020 13:42
СДСМ: Одоговорноста за скандалот со несоодветно третиран медицински отпад е кај ВМРО-ДПМНЕ
Вината и одговорноста за скандалот со несоодветно третиран медицински отпад се кај ВМРО-ДПМНЕ, обвинува од сдсм. Оттаму тврдат дека сопственикот на битолската фирма е во блиски односи со Никола Груевски.
-
Македонија 05.02.2020 13:38
ВМРО-ДПМНЕ со предлог- одлука за распуштање на Собранието
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог- одлука за распуштање на Собранието. Условите за избори на 12-ти април се исполнети, а Заев и натаму поставува одредени барања, изјави координаторот Мицевски.
-
Македонија 05.02.2020 13:28
Китев: Очекуваме датум за преговори со ЕУ
Имаме право што сме разочарани од француското вето за старт на преговорите со ЕУ, но наша одговорност е да направиме сѐ за да добиеме повеќе пријатели, изјави Бетиане Китев од СДСМ по средбата со претставници од француското МНР. Очекува добивање датум за земјава.
-
Македонија 05.02.2020 13:21
Макрадули: Дрисла е под лупа на Обвинителството
Ќе се проверуваат дозволите за третман на отпад на компаниите, заменик- министерот за животна средина, Јани Макрадули, најави санакции за оние кои не работат согласно стандардите.


