Финансиска поддршка е за предадено јагне во регистриран кланичен капацитет е во висина од по 400 денари за животно.
-
Македонија 26.12.2019 10:22
-
Македонија 26.12.2019 10:05
Седница на Собранието за пратенички прашања
Републичкото Собрание денеска ќе ја одржи 124. седница на чиј дневен ред се пратенички прашања.
Седниците на кои пратениците имаат можност да им поставуваат прашања на министрите во Владата се одржуваат секој последен четврток во месецот.
-
Македонија 25.12.2019 16:48
Метео: Променливо облачно и постудено време
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно и постудено време,на повисоките места и на планините во северните и источните делови со услови за повремен слаб снег.
На повеќе места ќе дува засилен ветер од северозападен правец поизразен долж Повардарието.
-
Македонија 25.12.2019 15:08
Јавна дебата за една изборна единица
Во Собранието во рамки на Комисијата за политички систем, јавна дебата за предлогот државава да биде една изборна единица за парламентраните избори, да има отворени листи за локалните избори и еднаква родова застапеност на листите за пратеници и советници.
-
Македонија 25.12.2019 14:54
Ако не се изгласаат реформските закони, Заев нема да се повлече од функцијата
Немам намера да поднесам оставка ако опозицијата продолжи да ги блокира суштинските закони за повисоки плати и пензии. На 10 дена до формирањето на техничката влада, премиерот Заев ja условува опозицијата со можно одложување на изборите. Но, е оптимист дека со дијалог ќе се изнајде решение.
-
Македонија 25.12.2019 14:26
Пакети со облека за бездомниците, ќе се работи на поголема ресоцијализација
Откако го напуштил затворот, животот го однел пред нов предизвик. Останал на улица, но надеж не изгубил. Таир Даут, за скромен надоместок во пунктот во Момин Поток сега се грижи за бездомниците. Ангажиран е како фризер. Лимената гаража во која живеел сега е негов дом.
-
Македонија 25.12.2019 14:12
Проблем е неказнивоста на нападите на новинарите
Во земјава нападите врз новинарите се чести. Само во последните пет години имаше физички и вербални напади, кршење опрема, уништување личен имот на новинарите, па и сајбер напади врз новинарите, вели претседателот на Здружението на новинарите Младен Чадиковски.
-
Македонија 25.12.2019 14:02
Јовановски барал два милиони евра од кумашинот на бизнисменот Митровски за случаите во СЈО
Во скопскиот Кривичен суд, рочиште за случајот „Рекет“. Сведочеше адвокатот Сашко Бошков, кој рече дека првообвинетиот Бојан Јовановски- Боки 13 барал два милиони евра за случаите кои ги водело тогашното Специјално јавно обвинителство против неговиот кум, бизнисменот Зоранчо Митровски.
-
Македонија 25.12.2019 13:20
Николоски: Заев бара алиби за одложување на изборите
За ВМРО-ДПМНЕ, Заев бара алиби и не сака соочување со народот, бидејќи знае дека го чека пораз и одговорност.
-
Македонија 25.12.2019 12:53
Заев: Немам намера да поднесам оставка ако опозицијата продолжи да ги блокира законите во Собранието
Премиерот Заев изјави нема да поднесе оставка на трети јануари ако опозицијата продолжи да ги блокира законите во Собранието. Сепак, Заев уверува дека не сака да се одложат изборите, дека партијата се подготвува за пржинската влада.



