Советот на Општина Центар на следната седница ќе донесе долука за доделување парична помош од 800.000 денари за настраданите од земјотресот во Република Албанија.
-
Македонија 06.12.2019 11:14
-
Македонија 06.12.2019 11:05
Туск: ЕУ направи голема грешка, особено кон Скопје
Брегзит е една од најспектакуларните грешки во историјата на Европската унија, но голема грешка е и француското „не" за лидерите на Западен Балкан особено за Скопје, смета Доналд Туск во првото интервју по напуштањето на функцијата претседател на Европскиот совет.
-
Македонија 06.12.2019 10:21
Финансиска помош од 3.000 евра за жени- носители на земјоделски стопанства
Жените фармери на кои се води стопанство, ќе добијат неповратна финансиска поддршка од 3.000 евра. Оваа е нова мерка со цел да се подобри економската состојба на жените во земјоделскиот сектор. Крајниот рок за доставување на барањата е 26- ти декември.
-
Македонија 06.12.2019 10:13
Пендаровски и Димитров на конференција „Балкански дијалози“ во Берлин
Претседателот Пендаровски и министерот за надворешни работи Димитров, во Берлин ќе учествуваат на конференцијата „Балкански дијалози“.
-
Македонија 06.12.2019 10:10
Продолжува судњето за случајот „Рекет“, ќе сведочат Орце и Ана Камчеви
Бизнисменот Орце Камчев и неговата сопруга Ана Камчева, во Кривичниот суд се сведоци на обвинителството за случајот „Рекет“, во кој се обвинети поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева и Бојан Јовановски- Боки 13.
-
Македонија 06.12.2019 09:40
Училиштен Информатор: Проект „Роботика и кодирање“
Училиштето СЕПУГС „Васил Антевски- Дрен“, работи на проект со име „Роботика и кодирање“, добиен преку „Еразмус +“ програмата за соработка помеѓу училишта.
-
Македонија 05.12.2019 15:18
Полициски инспектори во три фирми на Камчев
Полициски службеници влегле во фирми на Орце Камчев. Се бараат докази поврзани со финансирање на изборната кампања на ВМРО -ДПМНЕ.
-
Македонија 05.12.2019 15:00
Почнува кампањата за помалку бездомни животни
Над 70.000 домашни миленичиња досега се електронски евидентирани. Од Агенцијата за храна велат дека микрочипирањето е задолжително. Посочуваат дека тоа е потврда за заштита од болестите. Поради напуштање на милениче, надлежните изрекле казна од 500 евра.
-
Македонија 05.12.2019 14:56
Мираковска: Членот 11 не постои
Барањето за автентичното толкување на член 11 со извештајот на Законодавно-правната комисија ќе биде точка на пленарната седница. И во опозицијата се свесни дека член 11 не постои, вели претседателката на комисијата Мираковска. Очекува и Уставниот суд да ја почитува одлуката на законодавецот.
-
Македонија 05.12.2019 14:52
Заев: Евентуалното одложување од Шпанија дава можност да направиме условна ратификација во Парламентот
Евентуалното одложување од Шпанија дава можност да направиме условна ратификација во Парламентот, вели премиерот Заев. Но, чесно и достоинствено е да бидеме 30-та земја-членка која што ќе го ратификува протоколот за НАТО.






