Претседателот Стево Пендаровски денеска и утре е во официјална посета на Србија. Во Палата Србија во Белград, шефот на државата Пендаровски ќе биде примен со највисоки државни и воени почести од српскиот претседател Александар Вучиќ.
-
Македонија 22.11.2019 10:04
-
Македонија 21.11.2019 14:48
Пендаровски: Ќе преземам сè што е во моја надлежност да се ублажат негативните ефекти од климатските промени
Иако била во завршна фаза, пред да ја потпише, претседателот Пендаровски ја вратил Стратегијата за одбрана за да биде дополнета со посебни мерки за еколошка безбедност. Шефот на државата повика сите активно да се вклучат во креирањето поздрава животна средина.
-
Македонија 21.11.2019 14:38
Мицкоски: Власта и платените пи-ар пера ја искривуваат вистината
Власта и платените пи-ар пера ја искривуваат вистината и во јавноста пласираат лажни вести- лидерот на ВМРО-ДПМНЕ одговори на информациите дека тој на средбата со Борисов во Загреб, рекол дека го поддржува Договорот за добрососедство со Бугарија.
-
Македонија 21.11.2019 14:27
Заев: Правосудните органи да соработуваат
„Граѓаните сакаат резултати и секогаш кога има нетрпение меѓу обвинителството и судот тоа непријатно се доживува“, рече премиерот Заев за последните препукувања меѓу Апелацискиот суд и обвинителката Рускоска.
-
Македонија 21.11.2019 14:24
Макрадули: Субвенции за инвертери до крајот на годината
Субвенции за инвертери до крајот на годинава. Постапката ќе биде електронска, а со тоа и изборот праведен, заменик министерот за животна средина Јани Макрадули рече дека со мерката се доцни поради административни процедури во процесот на јавни набавки.
-
Македонија 21.11.2019 13:45
Од утре бесплатна вакцинација против грип
Шест илјади граѓани кај матичните лекари веќе закажале термин за бесплатна имунизација против сезонски грип. Со задоцнување од еден месец, од утре почнува вакцинацијата. Набавени се 28 илјади дози.
-
Македонија 21.11.2019 13:23
ВМРО-ДПМНЕ: Во администрацијата владее тотален хаос
Опозицијата ја обвини власта за тотален хаос во администрацијата. Според ВМРО-ДПМНЕ, од 11 ноември досега, биле објавени нови 452 огласа за вработување во администрацијата за вкупно 519 лица.
-
Македонија 21.11.2019 13:20
СДСМ: Мицкоски лаже за договорот со Бугарија
Владејачката СДСМ го обвини лидерот на опозицијата Мицкоски дека едно зборува дома, а друго надвор од земјава, како на последната средба со бугарскиот премиер Борисов. Тоа според социјалдемократите, претставува скандалозен однос кон граѓаните.
-
Македонија 21.11.2019 13:18
Дескоска: Не треба да се стравува од процесот на ветинг
Чесните судии и обвинители не треба да стравуваат од злоупотреба на процесот за ветинг- уверува министерката за правда Дескоска.
-
Македонија 21.11.2019 13:03
Франција го ратификуваше протоколот за членство на земјава во НАТО
Со голем број на гласови, освен тие на комунистите и Непокорна Франција, најмногу поради идеолошки причини, Француското национално собрание по денешната расправа го усвои Законот за ратификација на протоколот за членството на Северна Македонија во НАТО.



