Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за настаните од 27-ми април минатата година во Собранието на Република Македонија. На денешното рочиште треба да бидат изнесени дополнителните докази на одбраната на Митко Чавков, Душко Лазаров и Крсто Мукоски.
-
Македонија 21.12.2018 10:30
-
Македонија 21.12.2018 10:22
На Шапка снежна покривка од 21 см, најстудено во Тетово
Највисока снежна покривка измерена утрово од 21 сантиметар има на Попова Шапка, следат Маврови Анови со девет см, три во Крива Паланка и два см во Крушево.
-
Македонија 20.12.2018 16:29
Проверка на вакцинацијата поради епидемијата на морбили
Ќе се проверуваат вакциналните картони на сите деца во земјава, откако здравствените власти прогласија епидемија на морбили во Радишани. Експертите предупредуваат- станува збор за заболување кое може да предизвика сериозни компликации по здравјето.
-
Македонија 20.12.2018 15:53
Уставниот закон за спроведување на амандманите на дневен ред во матичната комисија
Согласно со спогодбата од Преспа, документот веднаш да се ратификува во грчкиот парламент, во спротивно уставните измени да не се имплементираат, предложи независната пратеничка Канческа- Милевска.
-
Македонија 20.12.2018 15:15
Дескоска: Скандалозна одлука на Судскиот совет
Скандалозна и противзаконска е одлуката на членовите на Судскиот совет самите да си доделат додатоци на плата и тоа да важи ретроактивно за неколку месеци, оцени министерката Дескоска. Вели дека законски основ за тоа имаат само судиите.
-
Македонија 20.12.2018 14:49
Рускоска: Не сум задоволна од Законот за амнестија, преквалификација на делото нема да има
Алијансата на Албанците покренува постапка за оценка на уставноста на Законот за амнестија. Од партијата велат, решението е селективно, не се согласуваме со него дури и по цена интеграција на земјата во НАТО и во ЕУ, каде се бараат други вредности, велат од Алијансата.
-
Македонија 20.12.2018 14:37
Спасовски најави зајкнување на борбата против корупцијата
Убеден сум дека нашите напори ќе ја постигнат вистинската цел – испорачување на конкретни резултати во борбата против организираниот криминал, рече министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на дебатата за Европската унија.
-
Македонија 20.12.2018 14:26
Калајџиев: Политиката се меша во судството, тоа го потврдува Законот за амнестија
Политиката сѐ уште се меша во судството, тоа го потврдува Законот за амнестија, смета универзитетскиот професор Калајџиев. Тврди дека не сретнал амнестија каде се постапува врз основа на Закон што го донел Собранието по мислење на обвинител, со решение на суд и по барање на обвинетите.
-
Македонија 20.12.2018 14:11
Невладини организации бараат да прекине изградбата на мали хидроцентрали во заштитени подрачја
Невладината „Екосвест“ поддржана од Меѓународната еколошка мрежа „Бенквоч“ бара да прекине изградбата на мали хидроцентрали во заштитени подрачја и во национални паркови.
-
Македонија 20.12.2018 12:46
Се затвора градинката „Ташко Караџа“ поради епидемија на морбили
Две недели градинката „Ташко Караџа“ во скопската населба Радишани нема да згрижува деца поради зголемениот број заболени од морбили. Овој период надлежните ќе го искористат за дезинфекција на објектот. Во оваа градинка од мали сипаници се заразени пет деца, ниту едно од нив не било вакцинирано.










