Пред крајот на годината, Брисел ги собра лидерите од Западен Балкан. На маса, постигнувањата на секоја од земјите- аспиранти за членство во ЕУ, плановите за идната година, актуелната ситуација во регионот по затегнувањето на односите меѓу Белград и Приштина.
-
Македонија 19.12.2018 16:16
-
Македонија 19.12.2018 16:02
Продолжува комисиската расправа за предлог-амандманите на Уставот
Албанскиот блок партии од опозицијата негодуваат на уставните измени во делот на државјанството каде што пишува Македонско- Граѓанин на Северна Македонија. Сметаат дека на овој начин власта прави моноетничка држава, а корекциите во Уставот се само козметика.
-
Македонија 19.12.2018 14:58
Кривичниот суд и Обвинителството го чекаат Законот за амнестија во Службен весник
Обвинетите за собраниските настани опфатени со Законот за амнестија имаат рок од пет дена да поднесат до судот барање. Адвокатот Еленко Миланов кој заастапува тројца од обвинетите вели – законот е контроверзен и ќе има проблеми во неговата имплементација.
-
Македонија 19.12.2018 14:53
Прилеп го слави патронот на градот - Свети Никола
По 13-ти пат организирано, прилепчани го прославуваат патронот на градот, Свети Никола. Стотици граѓани се придружија на заедничката посна трпеза во центарот на градот со пораки да се одржува традицијата, но и заедништвото.
-
Македонија 19.12.2018 14:46
Дебата за македонските евроинтеграции, во фокус спогодбата од Преспа
Неопходно е да покажеме волја, личен и институционален капацитет за спроведување на реформскиот процес, но и целосна имплементација на преспанскиот договор, порача деканот на Факултетот за безбедност на стручната расправа за евроатлантските интеграции.
-
Македонија 19.12.2018 14:12
Товарен воз удри во автомобил, загина полицаец
Припадник на МВР, вработен во полициската станица Гази Баба, загина во железничка несреќа што се случи изутрината на преминот во скопската населба Хиподром.
-
Македонија 19.12.2018 14:01
Бошњаковски: Целта на Законот за амнестија е да се донесе помирување
Законот за амнестија ќе значи заокружување на процесот на помирување во општеството. Од Владата велат дека е тоа во интерес на македонските евроатантски интеграции. Уште еднаш потврдено дека нема амнестија за организаторите и напаѓачите во Собранието.
-
Македонија 19.12.2018 13:57
Метео: Утре стабилно и суви, нови врнежи во петок
Утре во Македонија ќе преовладува умерено облачно стабилно и суво време со појава на магла по одделни котлини. Максималната температура ќе достигне до 7 степени.
Нови врнежи од дожд и од снег се очекуваат во петок.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
-
Македонија 19.12.2018 12:25
ВМРО-ДПМНЕ утре ќе одржи протестен марш во Скопје
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ наместо денеска, протестниот марш во Скопје ќе го одржи утре попладне. Црнилата кои надвиснале над државата мора да бидат победени.
-
Македонија 19.12.2018 11:41
Четворица Авганистанци пронајдени во камион во Прилеп
Четворица мигранти, државјани на Авганистан, се пронајдени при растовар на камион во круг на фабрика во Прилеп, соопшти полицијата. Тие во возилото се качиле најверојатно во Бурса, Република Турција.






