Да не бараме изговори, туку сите да направиме нешто за да им го олесниме животот на лицата со попреченост- порака на Меѓународниот ден. Потребно е квалитетно инклузивно образование, подобра социјална заштита, вработување.
-
Македонија 03.12.2018 13:10
-
Македонија 03.12.2018 11:15
Димитров во работна посета на Брисел
Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, од денека до 5-ти декември ќе престојува во работна посета на Брисел, каде ќе учествува на министерскиот состанок на Северно-атлантскиот Совет на НАТО со земјите контрибутори во мисијата „Решителна поддршка“ во Авганистан.
-
Македонија 03.12.2018 11:11
Продолжува судењето за собраниските настани од 27-ми април
Во Кривичниот суд во Скопје продолжува судењето за случувањата во Собранието на 27-ми април минатата година. Случајот се наоѓа во доказна постапка и изнесување на докази предложени од одбраната.
-
Македонија 03.12.2018 11:03
Истрагата ќе покаже кој прислушувал, одговорност мора да има
Истрагата треба да покаже кој одлучил да се вгради и да се употребува опремата за прислушување на фиксната телефонија во Јавното обвинителство и во Кривичниот суд во Скопје, вели премиерот Заев. Вели, за случајот мора да има одговорност.
-
Македонија 03.12.2018 10:56
Воздухот повторно загаден, потребни се итни мерки
Концентрацијата на штетните ПМ- честички е повторно високо. Граѓаните велат дека тешко дишат, чувствуваат тегоби и мачнина. Бараат да се преземат итни мерки.
-
Македонија 03.12.2018 10:53
Втора фаза од уставните измени
Законодавниот дом го утврди првиот нацрт- амандман за уставните промени, со којшто името „Република Македонија“ се менува во „Република Северна Македонија“. Доби поддршка од 67 пратеници, 23-ца опозиционери беа „против“, четворица воздржани.
-
Македонија 03.12.2018 10:45
Се препорачува задоцнета сеидба
Последните врнежи од дожд се повеќе од добредојдени за земјоделството и во Битолско и во Гевгелиско ќе овозможат продолжување на сеидбата.
-
Македонија 03.12.2018 10:43
Иванов во Полска на коференција за климатски промени
Климатските промени се планетарниот предизвик за коj ќе се разговара на Светската Конференција во Катовице, Полска на која учествува и македонскиот претседател Ѓорге Иванов.
-
Македонија 30.11.2018 15:57
Метео: Дневните температури во пораст
Во текот на викендот во Македонија се очекува умерено до значително облачно време со услови за појава на магла по одделни котлини.
Дневните температури ќе бидат во постепен пораст. Утре максималната ќе достигне до 8, а во недела до 11 степени.
-
Македонија 30.11.2018 15:53
Прислушувани фиксните телефони во Обвинителството
Повеќе од две години седумдесетина обвинители сместени во зградата на кејот биле прислушувани, а сите разговори што ги воделе преку фиксната телефонија се снимале на два хард диска. За ова информираше републичкиот обвинител Љубомир Јовески.










