Додека се изгради новиот клинички центар е потребно јавно- приватно партнерство за Детската кардиохирургија, вели министерот за здравство, Филипче. Информира дека сѐ уште се прават анализи во која приватна болница на државна сметка би се третирале децата со срцеви маани.
-
Македонија 28.11.2018 14:35
-
Македонија 28.11.2018 14:27
Метео: Променливо облачно и студено
Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно и студено време со провејување на слаб снег во делови од земјата.
Ќе дува умерен ветер од северен правец. Дневната температура ќе достигне до 5 степени.
-
Македонија 28.11.2018 14:19
Сочувство од претседателот Иванов по повод смртта на Горан Стефановски
Претседателот Ѓорге Иванов изрази сочувство по повод смртта на драмскиот писател Горан Стефановски, потенцирајќи дека вечно ќе сме благодарни за творештвото кое ни го остави, за сѐ што напиша, создаде и инспирираше.
-
Македонија 28.11.2018 13:58
Евиденција на лицата без документи
Македонија се соочува со проблемот на нерегистрирани лица. Точниот број никој не го знае, само од април се пребројани 650 луѓе без документи. Проценките се дека нивниот број се движи од 1.500 до 2.000.
-
Македонија 28.11.2018 13:06
Прв состанок на телото за помирување
Зад затворена врата, прв состанок на собраниското тело за помирување. На дневен ред драфт- верзијата на законот за амнестија за собраниските настани од 27-ми април, подготвен од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
-
Македонија 28.11.2018 12:53
Снег на Стража, магла на Плетвар
На планинскиот превој Стража и во Маврово провејува слаб снег, но тој, како што информира Авто- мото сојузот на Македонија, не се задржува на коловозот.
На планинскиот превој Плетвар, пак, поради магла има намалена видливост до 50 метри. -
Македонија 28.11.2018 11:07
Попладнево протестен марш на ВМРО-ДПМНЕ
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ од денеска почнува со антивладини протести. Попладне ќе организира марш од седиштето на партијата до Владата.
-
Македонија 28.11.2018 10:20
Прв состанок на собраниското тело за помирување
По неколку неуспешни обиди, прв состанок на собраниското тело за помирување. Според најавите, на дневен ред Предлог- законот за амнестија за собраниските настани од 27-ми април, подготвен од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.
-
Македонија 28.11.2018 10:07
Одземен пратеничкиот имунитет на Груевски
Никола Груевски остана без пратеничкиот имунитет. Без дебата во Собранието со 62 гласа „за“, пратениците му го одземаа имунитетот на нивниот колега, на барање на Кривичниот суд за шест предмети за кои беше побарана мерка притвор за Груевски.
-
Македонија 27.11.2018 15:53
Апелацискиот суд ги одби како неосновани жалбите на Јанакиески и Божиновски
Скопскиот Апелациски суд ги одби како неосновани жалбите на двајцата поранешни високи владини функционери Миле Јанакиески и Кирил Божиновски со што тие остануваат во истражниот затвор во Шутка.
Обвинетите вчера на јавна седница пред судиите во Апелација побараа укинување на притворот.










