Казните ги намалуваме и до 75 проценти, воведуваме опомена пред казна, ја менуваме казнената политика во интерес на граѓаните, компаниите и економијата, велат од СДСМ. Во владина процедура е новиот Закон за прекршоци.
-
Македонија 03.12.2018 15:06
-
Македонија 03.12.2018 15:02
ВМРО-ДПМНЕ: Заев и Спасовски мора да понесат одговорност за прислушуваните разговори
Дали Зоран Заев ги има нелегалните прислушувани разговори од јавните обвинители и дали тие биле предмет за уцени врз јавни обвинители и судии, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Од опозициската партија побараа оставки.
-
Македонија 03.12.2018 14:43
Заштитни маски за ризичните пациенти поради аерозагадувањето
Бесплатни маски за заштита од аерозагадувањето за ризичните пациенти - со оваа мерка Министерството за здравство ќе им помага на луѓето со респираторни проблеми. Преку „Мој термин“ се прибираат податоците.
-
Македонија 03.12.2018 14:11
Собранието го усвои и третиот нацрт- амандман на Уставот
Собранието на Република Македонија на денешното продолжение на 64-та седница, со 64 гласа „за“, 14 „против“ и двајца воздржани, го утврди нацрт- амандманот за почитување на суверенитетот, територијалниот интегритет и политичката определба на соседите.
-
Македонија 03.12.2018 13:54
Израелската амбасада донираше 48 специјални колички за деца
На Меѓународниот ден на лицата со попреченост, Израелската амбасада донираше 48 специјални колички за деца.
-
Македонија 03.12.2018 13:46
Царовска: Го унапредуваме начинот на постапување при сите форми на насилство врз жените и девојките
Привремените мерки за заштита од семејно насилство и добрите пракси и предизвици беа тема на денешната дебата по повод 16 дена активизам на која присуствуваше министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска.
-
Македонија 03.12.2018 13:22
Народен правобранител: Само 1% од децата со попреченост одат во градинка
Само еден насто од децата со попреченост се згрижени во градинките, велат од канцеларијата на Народниот правобранител. Во предучилишните установи недостигаат дефектолози, а најчест изговор е дека нема пари.
-
Македонија 03.12.2018 13:18
Столтенберг: Спроведување на договорот за името
Го следиме напредокот на земјите од Западен Балкан и очекуваме исполнување на реформите за евроатлантско интегрирање, изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
-
Македонија 03.12.2018 13:11
Социјална инклузија на лицата со попреченост
Билјана Стојческа од Прилеп е мајка на 13 годишно дете со посебни потреби. Редовно го посетуваат првиот Дневен центар за лицата со церебрална парализа. Неопходна ни се, вели, грижата и помошта на заедницата и на државата.
-
Македонија 03.12.2018 13:10
Меѓународен ден на лицата со попреченост
Да не бараме изговори, туку сите да направиме нешто за да им го олесниме животот на лицата со попреченост- порака на Меѓународниот ден. Потребно е квалитетно инклузивно образование, подобра социјална заштита, вработување.








