„Македонија пат“ соопшти дека се укинати сите забрани и ограничувања на патиштата што беа предизвикани од снежните врнежи, и сообраќајот е нормализиран на сите патни правци.
-
Македонија 19.11.2018 10:58
-
Македонија 19.11.2018 10:57
Седница на собраниската Комисија за здравство
Собраниската Комсија за здравство денеска ќе одржи седница на која ќе расправа за предлог- законот за измени и дополнувања на Законот за здравствена заштита, во прво читање.
-
Македонија 19.11.2018 10:54
Собраниска делегација на Парламентарното собрание на НАТО во Канада
Македонска делегација, предводена од претседателот на Собранието Талат Џафери, учествува на 64-тата годишна сесија на Парламентарното собрание на НАТО, што ќе се одржи во Халифакс, Канада.
-
Македонија 19.11.2018 10:52
Продолжува судењето за случајот „Монструм“
Во Кривичниот суд денеска продолжува судењето за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12-ти април 2012-та година. На минатото рочиште беа сослушани три вешти лица од МВР, кои вршеле анализи и испитувања на неколку предметни возила.
-
Македонија 19.11.2018 10:47
Средба на премиерите на земјите од Западен Балкан во Виена, Заев го откажа учеството
Средба на премиерите од Западен Балкан во Виена во организација на австрискиот канцелар Себастијан Курц. Ќе присуствуваат и еврокомесарите за проширување и за дигитално општество, Јоханес Хан и Марија Габриел.
-
Македонија 16.11.2018 16:13
Електронженерите ја напуштаат Македонија
Одливот на мозоци не ги одмина електроинженерите. Голем број дипломци ја напуштаат Македонија. Професорите велат дека е ова огромен проблем за државата. Квалитетната настава не е доволна за да се задржат најдобрите, потребни се старт- ап и спин- оф компании.
-
Македонија 16.11.2018 16:04
Владата очекува екстрадиција на Груевски, унгарските власти негираат дека му помогнале да ја напушти земјава
„Груевски е во Будимпешта и тука нема дилеми. Очекуваме да биде екстрадиран за овде да ја издржи казната затвор“, вели премиерот Заев. Според шефот на Владата, Груевски со бегството во Унгарија ја признал вината за делата за кои е обвинет и осуден.
-
Македонија 16.11.2018 15:38
Брисел не ја коментира улогата на Унгарија при бегството на Груевски
Европската Унија не сака да се меша во случајот со поранешниот премиер Никола Груевски и неговото барање за политички азил во Унгарија. Портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич повтори дека не може да коментира судски процедури, но и дека случајот не смее да се политизира.
-
Македонија 16.11.2018 15:12
Целосно спроведени 27 од 72 активности за реформа на администрацијата
Изготвена анализа на полугодишниот реформски процес за стоилјадитната јавна администрација, која ги опслужува граѓаните. Скенирани се поставеноста, работата на телата и органите, степенот на спроведување на активностите и инспекциските служби.
-
Македонија 16.11.2018 14:45
Заев: Со бегството Груевски ја призна вината
„Груевски е во Будимпешта и тука нема дилеми. Очекуваме да биде екстрадиран за овде да ја издржи казната затвор“- вели премиерот Заев. Јавно праша- дали тој доброволно ја напуштил Македонија или е киднапиран? Очекува одговор и од Груевски и од Унгарија.










