Во поголем дел од Македонија утре ќе преовладува претежно облачно, ветровито и свежо време со повремени врнежи од дожд кои попладне и во вечерните часови ќе бидат пообилни особено во јужните и југосточните делови.
-
Македонија 26.06.2018 12:04
-
Македонија 26.06.2018 11:29
Владата ќе разгледува извештаи за работата на ПИОМ, МЕПСО и КХВ
Извештајот за работењето на Фондот за пензиското и инвалидското осигурување на Македонија во текот на 2017 година денеска е на дневен ред на 76-тата владина седница.
-
Македонија 26.06.2018 11:07
Расправа по Предлог- законот за отпишување на камати за наплата на долгови
Во Законодавниот дом, ново пленарно заседание. Меѓу другите точки, се очекува посебно внимание да привлече расправата по Предлог- законот за отпишување на камати за наплата на долгови. Предлог- текстот го усогласија власата и опозицијата.
-
Македонија 26.06.2018 10:44
Анагностопулу: Договорот меѓу Грција и Македонија ќе биде целосно реализиран
Парламентарното Собрание на Советот на Европа го поздрави потпишувањето на договорот меѓу Република Македонија и Грција во однос на спорот за името. На ова тема имавме можност да поразговараме со грчката пратеничка Атанасиа Анагностопулу.
-
Македонија 26.06.2018 10:05
Претседателот Иванов нема да го потпише Законот за ратификација на Договорот со Грција
Претседателот Ѓорге Иванов нема да го потпише Указот за прогласување на Законот за ратификација на Договорот меѓу Макеоднија и Грција.
-
Македонија 25.06.2018 14:12
Зголемен интересот за субвенциониран годишен одмор кај работниците со ниски примања
Расте интересот за ваучери за субвенциониран годишен одмор за работниците со ниски примања. Од Министерството за економија велат дека од вкупно 1.900 барања, условите ги исполниле и ваучери добиле 1.300 апликанти, што е за 68 проценти зголемување споредено со лани.
-
Македонија 25.06.2018 13:56
Се утврдуваат евентуални пропусти за случајот со настраданите деца во Велес
Се утврдуваат причините и одговорноста за трагедијата во која загинаа три деца во Велес. Институциите се на терен и наскоро треба да излезе извештајот.
-
Македонија 25.06.2018 13:53
Новини во Законот за заштита од дискриминација
Соодветна правна заштита, општество во кое се негуваат различностите. Ова треба да го овозможи новиот текст на Законот за заштита и спречување од дискриминација. Презентирајќи ги новините, Царовска рече дека Законот е по европски терк и треба да обезбеди еднаквост за сите граѓани.
-
Македонија 25.06.2018 13:25
СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ ја лаже македонската јавност
При јавно објавен договор, ВМРО-ДПМНЕ се дрзнува да ја лаже јавноста, македонските топоними не се забрануваат. Според владејачката партија, во договорот јасно стои дека приоритет им се дава на ендонимите, наместо егзонимите и тоа важи подеднакво и за двете страни.
-
Македонија 25.06.2018 13:23
ВМРО- ДПМНЕ: СДСМ се откажа од сопствениот народ
СДСМ се откажа од сопствениот народ. За само една година Владата на чело со Заев ја брише вековната македонска историја, но и ја загрозува иднината на цела една нација, велат од ВМРО-ДПМНЕ.










