• Македонија 23.04.2018 15:54

    Чавков излегува од притвор

    Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков излегува од притвор. Кривичниот совет на скопска единица донесе одлука да го прифати предлогот на одбраната и на осомничениот  да му определи поблага мерка – гаранција со недвижен имот.

  • Македонија 23.04.2018 15:47

    Извештајот на СЈО пред пратениците во среда

    Треба ли извештаите за работата на државните институции формирани од Собранието да се разгледуваат во присуство на овластениот подносител. Ова беше прашањето за кое спореа пратениците од власта и опозицијата.

  • Македонија 23.04.2018 15:16

    Нова службена униформа за Шестата управа

    Припадниците на Шестата управа добија нови службени униформи. Купени се 464 машки и 39 женски комплети. За целосната набавка се ислатени речиси 3 милиони и 300 денари, информира министерот Спасовски. Најави дека и припадниците на специјалните единици набрзо ќе добијат нова униформа .

  • Македонија 23.04.2018 15:10

    Недостиг од медицински персонал во Козле

    „Со сегашниот персонал функционираме, но сепак е потребно негово надополнување“, вели директорот на Клиниката за белодробни заболувања кај децата, Ангелчо Андовски. Целта е да прераснат во регионален центар, а тоа е возможно само со владина поддршка.

  • Македонија 23.04.2018 14:57

    Поефикасна заштита од дискриминацијата преку нов закон

    Поголем опфат на областите каде што ќе се спречува дискриминацијата, тројно ниво на заштита, како и вклучување на сексуалната и родовата ориентација се најзначајните новини во нацрт- верзијата на законот за спречување и заштита од овој негативен феномен.

  • Македонија 23.04.2018 14:29

    Чакаровски: Вакцинирањето нема да биде услов за упис во училиштата

    Министерството за здравство нема да бара вакцинирањето да биде услов за упис во училиштата, информира ресорот. Оттаму велат дека во соработка со образовните власти ќе се бара начин како да се уверат родителите дека вакцините се безбедни и нивните деца треба да се ги примат.

  • Македонија 23.04.2018 14:17

    ССМ на 1-ви мај со марш и синдикални барања

    Сојузот на синдикати најави првомајски марш по повод Меѓународниот ден на трудот. Пред Собранието и владата , синдикалците велат ќе побараат нов Закон за работни односи, регрес за годишен одмор, ќе кажат стоп за мобингот и зголемување на старосната граница за пензионирање.

  • Македонија 23.04.2018 14:13

    Еднаква грижа за децата по разводот

    Досегашниот концепт на еден главен и еден спореден родител за грижата е штетен за децата кои де факто го губат едниот родител, вели Наум Рибароски, од Иницијативата за воведување на заедничко родителство.

  • Македонија 23.04.2018 13:29

    Метео: Температура до 30 степени

    Продолжува периодот на сончево и топло време. Утре попладне на места ќе има зголемување на облачноста со услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи.

    Максималната температура ќе достигне до 30 степени. Скопје утре со дневна температура од 28 степени.

  • Македонија 23.04.2018 13:11

    Пуштена во употреба делницата Демир Капија- Смоквица

    Пуштена во употреба 27- километарската делница Демир Капија- Смоквица, со што се завршува обновата на Коридорот 10 во земјава.

Pages