Планот 3-6-9 е соодветно реализиран, реформите се навремено испорачани, преземени се крупни чекори во добрососедските односи- истакна вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи на средбата со шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини.
-
Македонија 12.04.2018 15:46
-
Македонија 12.04.2018 15:40
Средношколците ќе се оценуваат по ПИСА
Колку се македонските средношколци писмени, знаат ли математика и природни науки? Одговори на овие прашања треба да даде меѓународното тестирање ПИСА, кое на крајот од месецот ќе го полагаат средношколците од прва година во гимназиите.
-
Македонија 12.04.2018 14:54
Разговори за името: Направен позитивен чекор, најтешкото прашање останува
За првпат разговаравме за временската рамка во која ќе се спроведува договореното меѓу Македонија и Грција, а за текот на денешните разговори со колегата Коѕијас ќе ги информираме премиерите.
-
Македонија 12.04.2018 14:44
Крихбаум: Германија ја поддржува Македонија, но мора да се реши проблемот со името
Германија ќе биде најголем поддржувач на Македонија за почнување на преговори со Европската унија, но прво мора да го решите проблемот со Грција со името, вели во изјавата за МТВ, шефот на Комисијата за европски прашања на германскиот Бундестаг, Гунтер Крихбаум.
-
Македонија 12.04.2018 13:54
Да се мотивираат средношколците за меѓународниот тест ПИСА
На крајот од месецов средношколците од прва година ќе го полагаат меѓународното тестирање ПИСА. Резултатите треба да покажат колку се писмени учениците и колку ја познаваат математиката. Ресорните министри и директорите ги направија последните подготовки.
-
Македонија 12.04.2018 13:20
Снимката за „Поткуп“ и денеска не се пушта, се разгледуваат други ПИ мерки
Во Кривичниот суд ново рочиште за случајот „Поткуп“, во кој првообвинет е Зоран Заев за побарано мито за легализација на градежно земјиште како поранешен градоначалник на Струмица. Јавноста е исклучена, се слушаат материјали прибавени со посебни истражни мерки.
-
Македонија 12.04.2018 13:14
Одложено рочиштето за „Титаник“, се бара изземање на судиите
Одложено судењето за предметот „Титаник“- најобемниот на Специјалното јавно обвинителство, за 26-ти април. Првообвинет е експремиерот Груевски, а за кривичното дело злоупотреба на изборен процес се товарат уште 20 лица.
-
Македонија 12.04.2018 13:07
Заврши средбата Димитров- Коѕијас, напредок има- разговорите продолжуваат
Предмалку заврши средбата на шефовите на македонската и на грчката дипломатија, Димитров и Коѕијас, за името во Охрид. За неполн месец, ова е трета по ред средба. Ова беше разговор без надмудрување со големо разбирање за потребите на другиот- рече Димитров.
-
Македонија 12.04.2018 12:05
Владата ја преживеа првата интерпелација
Зоран Заев ја преброди првата интерпелација за неговата Влада. Против изгласување недоверба беа 62-ца пратеници, за гласаа 40, а двајца пратеници од БЕСА и од Алијансата на Албанците беа воздржани.
-
Македонија 12.04.2018 11:32
Кривична пријава за кумановец, со лажни дипломи станал универзитетски професор
Полицијата поднесе кривична пријава против М.М.(47) од Куманово за сторено продолжено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“, кој е осомничен дека противправно се стекнал со факултетска, магистерска и докторска диплома и со нив стасал до ангажман како професор на Факултетот з










