Во скопска единица судење за собраниските настани од 27-ми април. На обвинителна клупа ќе седнат десет лица обвинети за обид за убиство на пратеникот Зијадин Села. Еден од нив е и членот на собраниското обезбедување, но тој ќе одговара за непостапување во службата.
-
Македонија 26.01.2018 10:20
-
Македонија 26.01.2018 10:12
Во Давос средба Заев- Хан
Во Давос, според најавите, премиерот Заев ќе оствари средба со еврокомесарот за соседска политика и проширување Јоханес Хан. Се очекува во фокусот да бидат македонските евроинтеграции.
-
Македонија 25.01.2018 16:45
Пожар во Тетово однесе пет животи
Републичката крим- техника, заедно со тим форензичари од Скопје се вклучи во истрагата што ја отвори јавниот обвинител од Тетово за трагедијата на семејството Зулбеари. Пет безживотни тела беа извлечени од нивниот пеплосан дом, по големиот пожар.
-
Македонија 25.01.2018 16:18
Малигна хипертермија- најверојатна причина за смртта на 15- годишното момче
Малигна хипертермија- ова најверојатно е причината за смртта на 15- годишното момче. Починало за време на операција на Клиниката за трауматологија, кога му бил даден инхалациски анестетик. Лекарите повеќе од еден час се обидувале да го спасат, уверуваат дека ги запазиле сите протоколи.
-
Македонија 25.01.2018 16:10
Апелација ја одби жалбата на Дамовски
Апелацискиот суд ja одби жалбата на режисерот Борис Дамовски. Тој е еден од осомничените за минатогодишните настани од 27-ми април во Собранието на Република Македонија.
-
Македонија 25.01.2018 16:10
Ученици и наставници медиумски ќе се описменуваат
Медиумска писменост, за кого и зошто е важна, како критички да се оценуваат новинарските содржини. Ова е главната цел на проектот што го реализираат повеќе институции. Ќе ги опфати учениците. Ќе се запознаат со начините како критички да ги анализираат понудените информации.
-
Македонија 25.01.2018 15:59
Средбата меѓу Заев и Ципрас- темел за решение на спорот за името
„Средбата Заев- Ципрас е добар темел за добро разбирање и изнаоѓање на решение преку дијалог.“ Евроамбасадорот Самуел Жбогар со оптимистичка оценка за средбата меѓу премиерите на Грција и на Македонија во Давос.
-
Македонија 25.01.2018 15:45
Историска шанса за членство во ЕУ
„Убедени сме дека треба да работиме со Западен Балкан, нивното место е во ЕУ. Во спротивно, ризикуваме нестабилност.“ Амбасадорот на Бугарија во Скопје, Великов-Петков, при презентирањето на приоритетите, повтори дека Македонија ја има поддршката од неговата земја.
-
Македонија 25.01.2018 15:11
ВМРО-ДПМНЕ: Немаме никаква информација за преговорите околу името
ВМРО- ДПМНЕ ја поздравува средбата на премиерите Заев и Ципрас во Давос и смета дека директните контакти на двајцата премиери може да придонесат за продлабочување на односите и градење на позитивна клима меѓу двете земји.
-
Македонија 25.01.2018 14:56
Метео: Студени утра, постепен пораст на дневните температури
Продолжува периодот на сончево и стабилно време со студени утра и постепен пораст на дневните температури.
До сабота во претпладневните часови ќе има услови за појава на магла по одделни котлини.










