Надмудрувањата и препирките завршија со тензија на собраниската говорница меѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и спикерот Џафери на отворањето на новата пленарна седница на која е ставен и Законот за јазиците. Опозициската партија за Законот поднесе над 35.000 амандмани.
-
Македонија 29.01.2018 16:09
-
Македонија 29.01.2018 15:49
Македонија годинава ќе добие нов Закон за заштита на личните податоци
Од мај почнува да се применува новата општа регулатива за заштита на личните податоци со која во Европската унија се воведуваат радикални промени. Од Дирекцијата за заштита на лични податоци очекуваат и Македонија годинава да добие нов закон.
-
Македонија 29.01.2018 15:30
МВР најави засилени контроли и казни за несовесните возачи
Министерството за внатрешни работи во наредниве денови ќе спроведе мерки и активности за ригорозно казнување на учесниците во сообраќајот. Оттаму велат дека овие мерки ќе опфатат и превентивни мерки со цел да зголеми дисциплината и да се почитуваат собраќајните правила и прописи.
-
Македонија 29.01.2018 15:00
Заев: Сега е моментот да се реши разликата со Грција околу името
Сега е моментот да се реши разликата со Грција околу името, смета премиерот Зоран Заев. Вели дека политичарите треба да донесат мудри одлуки со кои, како што рече, ќе се зачува достоинството на македонскиот народ, но истовремено ќе се земе предвид и ставот на грчката страна.
-
Македонија 29.01.2018 14:45
Протест против Законот за јазици и промена на името
Додека Законот за јазици чека на ново разгледување, патриотски здруженија протестираа пред Законодавниот дом. Го изразија своето незадоволство, од како што велат, штетните политики на ненародната власт и парламентарно мнозинство, за воведување на двојазичност и промена на уставното име.
-
Македонија 29.01.2018 14:39
Мајка и син загинаа во пожар во Битола
За кусо време нови жртви при пожар на семејна куќа. 53- годишната мајка Ф.А. и нејзиниот 17- годишен син Д.А. во раните утримски часови настрадаа при пожарот што избувнал во семејната куќа на улицата Девеани број 115.
-
Македонија 29.01.2018 13:41
Судењето за „Поткуп“ одложено за 26-ти февруари
Во Основниот суд- Скопје 1 за 26-ти февруари е презакажано рочиштето за случајот „Поткуп“ во кој му се суди на премиерот Зоран Заев. Причината за одложувањето се службени обврски на обвинителот.
-
Македонија 29.01.2018 13:08
Во Брисел средба Мицкоски- Хан
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Брисел се сретна со еврокомесарот Хан. Главните теми, интеграцијата и реформскиот процес. Според Мицкоски, ова се ветувања забележани на хартија.
-
Македонија 29.01.2018 13:04
Пристигнати се барањата за помилување, Кривичниот суд ќе се изјасни по нив во рок од пет дена
Кривичните совети од скопска единица, решаваат по пристигнатите барања за амнестија. Од таму информираат дека по стапувањето на сила на Законот за амнестија, во петокот, во Кривичниот суд стасале 100-тина барања од затворите. По нив се постапува според новото законско решение.
-
Македонија 29.01.2018 13:02
Нимиц на средби во Атина и Скопје
Посредникот во разговорите за разликата за името Метју Нимиц денеска во Атина ја почнува посетата на Грција и на Македонија, која ќе трае до 1-ви наредниот месец. Од властите треба да слушне што е прифатливо од последниот пакет идеи, предложени во Њујорк.










