Конкретен датум за почнување преговори и временска рамка за членство во ЕУ се очекувањата на Владата во пресрет на објавување на стрегијата за проширување на Европската комисија на 6-ти февруари во Стразбур- оценува вицепремиерот за европски прашања, Османи.
-
Македонија 29.01.2018 12:53
-
Македонија 29.01.2018 12:47
Заев: Опозицијата да не го блокира Собранието
Опозицијата има право на амандмани, но со поднесените повеќе од 30 илјади за Законот за употреба на јазиците се блокира работата на Собранието- смета премиерот Заев. Посочува дека ваквата ситуација може да се рефлектира на реформскиот процес.
-
Македонија 29.01.2018 10:44
ВМРО-ДПМНЕ: Мора да сопре политичкиот реваншизам
Еден од основните постулати на Европската унија и НАТО е владеењето на правото. Македонија не може да напредува во евро- атланските интеграции сѐ додека е заробена држава во која е укинато владеењето на правото, велат во ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 29.01.2018 10:15
Зачувување на природниот изглед на регионите
Современото земјоделство ја деградира животната средина. За секое зачувано дрво на нивата, одржување на цветните патеки меѓу ораниците и дрворедите, европските фармери добиваат пари од агроеколошките мерки.
-
Македонија 29.01.2018 10:12
Излегуваат првите амнестирани затвореници
По донесувањето на Законот за амнестија, првите амнестирани затвореници се очекува денеска да излезат од затворите.
-
Македонија 29.01.2018 10:09
До четврток стабилно и суво време, благ пораст на утринските температури
До четврток ќе се задржи стабилно и суво време со благ пораст на утринските температури. По котлините ќе има услови за појава на слаба до умерена магла.
-
Македонија 29.01.2018 10:04
Ново рочиште за случајот „Поткуп“
Во Основниот суд- Скопје 1 е закажано ново рочиште за случајот „Поткуп“ во кој на премиерот Зоран Заев му се суди за договарање поткуп.
Досега, поради низа процесни приговори предметот постојано се одложува, а одбраната бараше да се издвојат снимките како доказ во постапката.
-
Македонија 29.01.2018 10:02
Нимиц на мини турнеја на релација Атина- Скопје
Посредникот во разговорите за разликата околу името, специјалниот пратеник на генералниот секретар на Обединетите нации, Метју Нимиц, ја почнува мини турнејата на релација Атина- Скопје.
-
Македонија 29.01.2018 09:58
Закон за употреба на јазиците: Уште еден обид, сега со илјадници амандмани
Законот за употреба на јазиците е повторно во Собранието во трето читање, откако претседателот на државата Иванов не го потпиша указот за него. И овојпат, Законот е со европско знаменце, што значи дека не му е потребно двотретинско мнозинство за да се донесе.
-
Македонија 27.01.2018 09:55
Координација за предлозите на Нимиц
Клубот на пратениците е местото каде македонскиот државен врв и партиски лидери денеска ќе разговараат за иницијалната рамка за решавање на разликата околу името со Грција, што ја предложи медијаторот Метју Нимиц во Њујорк.










