По повод одбележувањето на Денот на наставата на турски јазик- 21 декември, претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов упати честитка до припадниците на турската заедница во Република Македонија.
-
Македонија 21.12.2017 13:24
-
Македонија 21.12.2017 13:22
Бистис: Неодржливи се разликите во владината коалиција во однос на името
Различните ставови меѓу коалциските партнери во грчката влада во однос на суштинско прашање од надворешната политика, како што е спорот за името, едноставно се неодржливи, особено во сегашните позитивни околности, што се создадоа во однос на можноста за надминување на спорот, коментираат денеска
-
Македонија 21.12.2017 13:10
Откирени 80 килограми марихуана во македонски камион
Српската полиција кај Владичин Хан заплени околу 80 килограми марихуана, скриена во камион со македонски регистарски таблички. Притоа, е уапсен 69- годишен македонски државјанин, соопшти денеска српското Министерство за внатрешни работи.
-
Македонија 21.12.2017 12:52
Ивршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одлучи вонредниот конгрес да се одржи
Вонредниот 16-ти Конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ќе се одржи.
-
Македонија 21.12.2017 12:28
Судењето за „Топлик“ одложено за 30-ти јануари
Денешното рочиште за предметот „Топлик“ на Специјалното јавно обвинителство е одложено за 30-ти јануари идната година. Причина е спреченоста да присуствуваат адвокатите на одбраната на ексминистерот Миле Јанакиески, кој е обвинет заедно со уште пет лица.
-
Македонија 21.12.2017 10:49
Седници на четири собраниски комисии
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат четири парламентарни тела, комисиите за земјоделство, шумарство и водостопанство, за транспорт, врски и екологија, за труд и социјална политика и законодавно- правната комисија.
-
Македонија 21.12.2017 10:35
Продолжи судењето за случајот „Труст“
Со вкрстено испрашување на вештак, во Кривичниот суд продолжи судењето за предметот на СЈО- „Труст“. Првоосомничен е бизнисменот Сеад Кочан и уште две физички и три правни лица, меѓу кои и управителите на фирмите „Трансмет“, „Силекс“ и „Вато“ ДООЕЛ, за учество на тендер на АД ЕЛЕМ.
-
Македонија 21.12.2017 10:30
Се утврдуваат причините за убиството во Чаир
Убиство во Чаир, застрелано е 24- годишно момче. Настанот се случил во непосредна близина на местото каде што живеела жртвата, на улицата „Џон Кенеди“ спроти средното училиште „Цветан Димов“.
-
Македонија 21.12.2017 10:18
Почнува зимата
Попладне во 17 часот и 28 минути на северната хемисфера почнува календарски зимата, а на јужната летото. Зимата ќе трае 89 дена, до 20-ти март, во 17 часот и 15 минути.
-
Македонија 21.12.2017 10:01
Времена измена на сообраќај на патот Кичево- Охрид
Времена измена на сообраќајот со преминување од една коловозна лента во друга, е воведена денеска на магистралниот пат Кичево- Охрид, на делницата од Пресека до Песочан.
Како што соопшти „Македонија пат“, за воведувањето на измената веќе е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.










