На утринската свечена литургија верниците му се помолија на Бога за духовен мир и здравје, за себе и за ближните. Овој ден, велат е највозвишен од сите. Божикното утро ја носи најголемата радост, веста за раѓањето Христово. Верниците кои денеска го празнуваат Божик си посакаа многу желби.
-
Македонија 25.12.2017 15:09
-
Македонија 25.12.2017 14:58
Апелација одлучува за снимката на Заев
Снимката во која се гледа дека премиерот Зоран Заев, тогаш градоначалник на Струмица бара поткуп од локален бизнисмен е направена со агент провокатор– смета адвокатот на претседателот на Владата.
-
Македонија 25.12.2017 14:54
Г. Петар: Ние сме посебен народ, црква и држава
Не е спорно дека со Бугарите имаме многу сличности и заеднички моменти, но не сме исти. Мора да ги разграничиме посебностите односно различностите и сличностите, да не ги мешаме на штета на јазикот, државата па и црквата, вели митрополитот Г.
-
Македонија 25.12.2017 14:49
Заев очекува опозицијата да се врати во Собранието, Села да го прифати вицепремиерското место
„Очекувам соработка- штом ќе има потреба ќе има и средба, без разлика кој ќе ја иницира“- премиерот Зоран Заев му посака среќа на новоизбраниот лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
-
Македонија 25.12.2017 14:45
Собранието го избра Љубомир Јовески за државен јавен обвинител
Собранието на Република Македонија на продолжението на 22-та седница со 61 глас „за“, еден воздржан и ниту еден против, го избра Љубомир Јовески за државен јавен обвинител.
-
Македонија 25.12.2017 14:03
Метео: Сончево и релативно топло за овој период од годината
Утре во Македонија ќе се задржи сончево и релативно топло време за овој период од годината со мала до умерена облачност.
По одделни котлини вклучувајќи ја и Скопската се очекува појава на магла.
-
Македонија 25.12.2017 13:21
Оштетен воз на линијата Жеровјане- Гостивар
Патничкиот воз што сообраќа на релација Скопје- Кичево, вчера по 18 часот удрил во поставени камења на делот од пругата меѓу железничките станици Жеровјане и Гостивар.
Од ударот било предизвикано оштетување на моторот и карданот, поради што возот веднаш сопрел.
-
Македонија 25.12.2017 13:19
Јавните услуги тешко достапни за ранливите групи
Најдобри услуги граѓаните добивале од Министерството за внатрешни работи при издавање лични документи, а најлоши од Центарот за социјални услуги, ова го пoкажало истражувањето на Центарот за европски стратегии реализирано во соработка со Македонската платформа против сиромаштијата.
-
Македонија 25.12.2017 13:06
Собрание: Пауза поради немање кворум
За денеска во Собранието се најавени продолженија на две собраниски сесии. На 22-та седница пратениците гласаат за именување нов државен јавен обвинител, откако на 15-ти декември ја завршија расправата по владиниот предлог Љубомир Јовески да биде именуван на оваа функција.
-
Македонија 25.12.2017 12:43
Иванов со честитка до верниците кои денеска го прославуваат Божик
Претседателот на републиката, Ѓорге Иванов упати честитка до сите христијански верници кои го прославуваат Божик според Грегоријанскиот календар.







