Гостиварските наставници ќе ја добијат ноемвриската плата. Советот на општината едногласно ја донесе одлука за ребаланс на буџетот за образование, со што е надминат проблемот во основните и во средните училишта.
-
Македонија 25.12.2017 12:14
-
Македонија 25.12.2017 11:31
Не многу студено за новогодишната ноќ
За новогодишната ноќ времето ќе биде облачно, без врнежи и не многу студено. Температурата во понеделник наутро ќе се движи во интервал од минус пет до неколку степени над нулата.
-
Македонија 25.12.2017 11:24
Заев му посака среќа на Мицкоски, очекува критичен осврт од опозицијата
Премиерот Заев му посака среќа на новоизбраниот лидер на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Очекува соработка. Вели штом ќе се јави потреба би имале и прва средба, без разлика кој ќе ја иницира.
-
Македонија 25.12.2017 11:13
Пакетчето- најомилен подарок на децата
Џебот ја диктира големината на подарокот, но речиси никој не заборава да подари. Некои поскромно, некои полускузно, сепак, традицијата да се изрази почит и да се направи радост за најмалите останува белег на новогодишните празници.
-
Македонија 25.12.2017 10:58
Одложено судењето за „Поткуп“, се чека одлуката на Апелација
Ново одложување на судскиот процес „Поткуп“ во кој е обвинет премиерот Зоран Заев. Ќе се чека одлуката на повисокиот суд, дали видео снимката која протече во јавноста може да се користи како доказ во постапката против него.
-
Македонија 25.12.2017 10:53
ВМРО-ДПМНЕ: Да запре политичкиот прогон
Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја обвини власта дека по директива на премиерот Заев врши класична тортура, политички прогон, малтретира и затвора политички неистомисленици. Партијата бара овој политички прогон да запре, затоа што граѓаните заслужуваат правна држава, слобода и еднаквост за сите.
-
Македонија 25.12.2017 10:17
Иницијатива за субвенционирање на струјата
Зимава, ретки се деновите кога загаденоста на воздухот над Пелагонија се движи во рамките на дозволеното. Најчесто присуството на штетните пием честички е за неколкупати повисоко.
-
Македонија 25.12.2017 10:09
Села: Алијансата не ја напушта власта
Алијансата за Албанците не излегува од владината коалиција. Лидерот Зијадин Села по состанокот на Централното собрание што се одржа во Гостивар рече дека очекува нова средба со премиерот Заев, за да разговараат повторно околу условите за нивното останување во коалицијата.
-
Македонија 25.12.2017 10:04
По изборот за претседател, на молитва в црква
Новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицковски на првиот ден по преземањето на функцијата на молитва во црква.
-
Македонија 25.12.2017 10:00
Апелација ќе одлучува за „Поткуп“, за истиот случај судење и во Кривичен
Апелацискиот суд во Скопје денеска треба да одржи седница на која ќе ја разгледува жалбата на одбраната на премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, која бара видеоснимките од посебните истражни мерки да не бидат користени како доказ во судската постапка за случајот „Поткуп“, во кој Заев е обвинет.









