Локалните избори поминаа во генерално мирна атмосфера, добро огранизирани, согласно со меѓународните стандардни, со забележани низа нерегуларности - ова е првичната оценка на ОБСЕ/ ОДИХР и Советот на Европа.
-
Македонија 16.10.2017 16:31
-
Македонија 16.10.2017 16:19
МОСТ: Првиот круг од локалните избори се одржа во фер и демократска атмосфера
Првиот круг од локалните избори се одржа во фер и демократска атмосфера - оценка на граѓанската асоцијација „МОСТ“ која со повеќе од 2.500 набљудувачки го следеше изборниот ден.
-
Македонија 16.10.2017 15:17
Во среда почнува вакцинацијата против сезонски грип
Вакцинацијата против сезонски грип низ земјава ќе започне во среда и ќе се врши во Центрите за јавно здравје и нивните подрачни единици.
-
Македонија 16.10.2017 14:53
Марковиќ: Се надевам на скорешно членство на Македонија во НАТО
Македонија и Црна Гора немаат отворени прашања, одлични билатерални односи што може да се продлабочат со интензивирање на економската соработка.
-
Македонија 16.10.2017 14:42
Шилегов: Новото Скопје повторно се раѓа, народот ги избра промените
Новото Скопје повторно се раѓа, народот ги избра промените, рече Петре Шилегов на првата прес- конференција. Изјави дека победил во првиот круг. Им се заблагодари на граѓаните што гласале за него и вети дека градската администрација ќе биде сервис на граѓаните.
-
Македонија 16.10.2017 14:31
За 13 настани поврзани со изборниот процес се води предистражна постапка
За изборни нерегуларности се отворени предистражни постапки во Основните обвинителства во Скопје, Битола и во Кочани.
-
Македонија 16.10.2017 13:51
Метео: Сончево и топло, температура до 28 степени
Утре во Македонија ќе преовладува сончево и топло време со мала локална облачност и со слаб ветер од јужен правец.
Температурата во текот на денот ќе достигне до 28 степени.
И во наредните денови нема да има позначајна промена на временските услови.
-
Македонија 16.10.2017 13:20
45.181 неважечко гласачко ливче во првиот круг на локалните избори
Вкупно 45.181 неважечко гласачко ливче утврдила Државната изборна комисија во првиот круг на вчерашните локални избори, по пребројаните 99,57 отсто од гласовите.
Вкупниот број на важечки гласачки ливчиња во првиот круг од изборите изнесува 1.028.038.
-
Македонија 16.10.2017 13:04
45 општини добија градоначалници по првиот круг од локалните избори
Четириесет и пет општини добија градоначалници по првиот круг од локалните избори, а во 35 ќе има втор круг, на 29-ти октомври. СДСМ во првиот круг освоило 37 градоначалнички места, ВМРО-ДПМНЕ три, ДУИ две, група избирачи две, и Демократската партија на турците едно.
-
Македонија 16.10.2017 11:35
Влада на РМ: Граѓаните, институциите и политичките субјекти спроведоа фер и демократски избори
Граѓаните на Република Македонија извојуваа уште една победа за демократијата.










