Движењето БЕСА на средба со граѓани во Брвеница, да ги слушне проблемите да понуди решенија, да ја претстави програмата, да го промовира кандидатот за градоначалник и советничката листа.
-
Македонија 04.10.2017 16:26
-
Македонија 04.10.2017 16:23
Груевски: Крај на четиримесечното помрачување, почнува нова ера
Започнува ново движење кое ќе донесе нова ера за Македонија, ера на просперитет, напредок, на исполнети ветувања, на одговорност, достоинство, заедништво. Ера која ќе ја предводи коалицијата „За подобра македонија“ рече на митингот во Куманово, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски.
-
Македонија 04.10.2017 16:20
Заложба за заштита на жените жртви на родово насилство
Со 1.200 нови случаи на годишно ниво, Македонија бележи висока стапка на семејно насилство. Но, не се води статистика ни за другите форми на насилство врз жените, велат од Националната мрежа.
-
Македонија 04.10.2017 16:14
Серија земјотреси почувствувани во Пехчево и Кочани
Серија земјотреси, од кои најсилниот со магнитуда од 3,5 степени според Рихтеровата скала, се регистрирани попладнево во 14 часот и 53 минути во Пехчево и Кочани, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
-
Македонија 04.10.2017 16:03
Метео: Утре сончево и релативно топло
Сончевото и релативно топло време во Македонија ќе продолжи и во текот на утрешниот ден на места со појава на мала облачност. Во западните делови ќе дува умерен до засилен ветер од западен правец.
-
Македонија 04.10.2017 15:45
Прекршочни пријави за напаѓачите на Бајрам
Министерството за внатрешни работи целосно го расветли случајот со нападот врз кандидатот за градоначалник на Шуто Оризари, Елвис Бајрам и до Јавното обвинителство поднело прекршочни пријави против осуммина сторители за нарушување на јавниот ред и мир со учество во тепачка.
-
Македонија 04.10.2017 15:25
Судски совет: Поголем финансиски надоместок за судии поротници
Барањата за двојно зголемен финансиски надоместок од 250 на 500 денари за судиите поротници се оправдани и е неопходно заради поефикасно функционирање на судскиот систем- заклучок од седницата на Судскиот совет.
-
Македонија 04.10.2017 15:17
Прекршочни пријави за осум лица за тепачката во Шуто Оризари
Полицијата поднесе прекршочни пријави за нарушување на јавен ред и мир против осум лица кои учествуваа во тепачката на 2-ри овој месец на ул.
-
Македонија 04.10.2017 14:44
Уште едно новороденче почина на Детската клиника
Новороденчето кое во критична состојба беше префрлено на скопската детска клиника, ја загуби битката за живот. Во саботата, во болницата во Тетово почина и неговата мајка. Здравствените власти треба да ја утврдат причината.
-
Македонија 04.10.2017 13:12
Луксембуршка поддршка на Македонија за ЕУ и НАТО
Балканот е во градината на Европа, не е ниту Русија, Кина или САД и мислам дека ќе има доволно позитивни размислувања кај земјите- членки, да се приклучи кон Унијата.










