40-годишен Скопјанец вработен во НЛБ Тутунска од трезорот украл 2 милиони франци и 270 илјади евра и избегал. Случајот во полиција го пријавил директорот на трезорот на банката околу 17 часот вчера.
-
Македонија 11.04.2017 10:50
-
Македонија 11.04.2017 10:29
МЗ: Фрлањето отрови за кучиња-скитници е опасно и за луѓето
Министерството за здравство соопшти дека зачестеното фрлање отрови за кучиња-скитници на територијата на град Скопје може да биде исклучително опасно по здравјето на луѓето.
-
Македонија 11.04.2017 08:18
Американскиот генерал Тимоти Мек Гваер во посета на Македонија
Заменик командантот на Копнените сили на САД за Европа, генерал-мајор Тимоти Мек Гваер престојува во официјална посета на Република Македонија и на Армијата на Република Македонија на покана на началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски.
-
Македонија 11.04.2017 08:15
Продолжува конститутивната седница на Собранието
Собранието на Република Македонија денеска треба да го одржи 11-то продолжение на конститутивната седница на која треба да се изберат претседател, заменик на претседателот, членови и нивни заменици на Комисијата за прашања на изборите и именувањата.
-
Македонија 10.04.2017 16:21
Конститутивна седница: СДСМ за спикер, ВМРО-ДПМНЕ за деловник
Десетти ден конститутивна собраниска седница. Социјал-демократите инсистираат да се гласа за претседател на Собранието.
-
Македонија 10.04.2017 16:05
Метео: Сончево време со мала до умерена облачност
Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност. Дневната температура ќе достигне до 25 степени.
Попладне ќе настапи локално наоблачување проследено со услови за слаб дожд повеќе на планинските предели и на некои повисоки места.
-
Македонија 10.04.2017 15:43
Последен ден од Саемот на книга: Најбарани бестселерите и автобиографиите
Штандовите полни, граѓаните ја користат последната можност да купат добра книга. Вака беше на последниот ден од 29-то издание на Меѓународниот Саем на книгата во Скопје. Издавачите задоволни од посетеноста. Велат- македонците сакаат да читаат различни жанрови.
-
Македонија 10.04.2017 15:36
25 години Артилеријски баталјон во Прилепската касарна
Пред точно 25 години со указ на претседателот и врховен командант, токму во прилепската касарна е формиран вториот мешовит артилеријски полк како прва артилеријска единица на АРМ. Секоја година сеобучуваа 4 генерации регрути, а три години фунционираше и школата за резервни офицери.
-
Македонија 10.04.2017 15:30
Студентите се вселуваат во реновираниот Блок А од „Гоце Делчев“
Студентите од студентскиот дом „Гоце Делчев“ почнаа да се вселуваат во обновениот Блок А. Нов мебел, нови прозoрци, лифт, парно - подобри услови за школување.
-
Македонија 10.04.2017 15:07
Ново продолжение на конститутивната седница
Во Собранието, продолжи конститутивната седница. На дневен ред е предлогот за состав на Комисијата за избори и именувања. Реплики за Тиранската платформа, процедурални забелешки– кој е патриот, а кој предавник. Ова беа главните пораки од салата во Закодавниот дом.










