Железничкиот сообраќај се нормализира, товарниот од вчера попладне, а од изутрината и патничкиот. Вработените во МЖ- Транспорт и менаџментот се договорија. Идната недела, јануарската плата треба целосно да им биде исплатена, до крајот на март и февруарската.
-
Македонија 03.03.2017 13:32
-
Македонија 03.03.2017 13:25
Случај „Диво насеље“: Продолжува распитот на обвинетите
Ново рочиште за случајот „Диво насеље“. Продолжува со распит на обвинетите. Во претходните искази, првите тројца обвинети се изјаснија дека не се виновни и дека не планирале терористички напади врз објекти или институции во Македонија.
-
Македонија 03.03.2017 13:23
Случај „Труст“: Одбиен предлогот за мерка притвор за сопственикот на Трансмет
Судија на претходна постапка во Кривичниот суд го одби предлогот на Специјалното јавно обвинителство за определување мерка притвор за сопственикот на Трансмет.
-
Македонија 03.03.2017 13:17
Пензионер со убодни рани пронајден мртов во Прилеп
Телото на пензионерот В.М. (1952) од Могила, на кое имало убодни рани, е пронајдено во куќа во Прилеп, каде живеел како потстанар.
-
Македонија 03.03.2017 13:14
Попладнево централно претседателство на ДУИ
Централното претседателство на Демократската унија за интеграција во Мала Речица попладне ќе ги проценува препораките што ги добил лидерот на партијата Али Ахмети на средбата со високата претставничка за безбедносна и надворешна политика на Европската унија, Федерика Могерини.
-
Македонија 03.03.2017 13:08
„Херитиџ“: Дипломати од администрацијата на Обама ја злоупотребиле својата положба
Водечката американска конзервативна фондација „Херитиџ“ обвини дипломати од администрацијата на поранешниот претседател Барак Обама за злоупотреба на својaта положба за да туркаат паралелни политички цели, посочувајќи ја Македонија како водечки ваков пример.
-
Македонија 03.03.2017 12:52
Могерини побара од Иванов да ја преиспита одлуката
Земјата нема повеќе време за губење. Од волјата на политичките лидери зависи дали ќе ја продлабочат кризата или ќе и помогнат на земјата да оди напред. Ваква изјава даде високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини по средбата со политичките лидери.
-
Македонија 03.03.2017 08:11
Железничкиот сообраќај целосно нормализиран
Откако вчера попладне почнаа да сообраќаат товарните возови по постигнатиот договор меѓу вработените и раководството на Македонски железници, утрово профункционира и патничкиот железнички сообраќај. Со тоа се прекина двонеделниот протест на вработените во Македонски железници.
-
Македонија 03.03.2017 08:08
Попоски на неформален министерски состанок на земјите-учеснички на ПСЈИЕ
Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во Загреб ќе учествува на неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на земјите-учеснички на Процесот за соработка во Југоисточна Европа.
-
Македонија 02.03.2017 16:31
Москва: Да се спречи странското мешање во внатрешните работи на Македонија
Со официјален коментар за случувањата во Македонија се огласи и руското Министерство за надворешни работи. Во соопштението е наведено дека е неопходно да се спречи странското мешање во внатрешните работи на Македонија.









