Синоќа во пожар, целосно изгоре градинката „8-ми Април“ во Шуто Оризари. Пожарот избувнал половина час по полноќ. 20 пожарникари до рано утрово се бореа, огнената стихија да ја стават под контрола.
-
Македонија 01.03.2017 11:20
-
Македонија 01.03.2017 11:03
Приведени неколку лица за нападот на екипата на А1-он
На вчерашниот протест, физички е нападната екипата на А1-он. Повредените новинар и снимател биле пренесени во Ургентниот центар. Последните информации се дека има приведени.
-
Македонија 01.03.2017 10:43
Железничкиот сообраќај и натаму во прекин
Железничкиот сообраќај, и патничкиот и товарниот, се сѐ уште во прекин поради штрајкот на вработените. Од Синдикатот најавија дека ако не им се исплати заостанатата плата, ќе почнат и штрајк со глад.
-
Македонија 01.03.2017 10:40
Могерини утре во посета на Македонија
Федерика Могерини, високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на Европската унија, од Црна Гора ја почна турнејата на Западен Балкан. Утре ќе пристигне во Македонија.
-
Македонија 01.03.2017 08:40
Ден на Полкот за специјални операции на АРМ
Со свеченост во касарната „Илинден“ денеска ќе биде одбележан денот на Полкот за специјални операции (пСО) - 1 Март.
Единиците од состав на пСО ќе имаат дефиле, ќе бидат доделени стимулативни мерки, а за достигнувањата на единицата ќе говорат раководните кадри од армијата.
-
Македонија 01.03.2017 08:38
Сообраќајот по суви коловози и без забрани
Сообраќајот на државните патишта се одвива по суви коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.
-
Македонија 28.02.2017 15:57
Над 20 илјади пензионери се пријавиле за бесплатна бања и викенд
Пензионерите се најзаинтересирани за на бања. Годинава околу 14 илјади поднеле барање за бањско- климатска рекреација. Над 2.000 сакаат да искористат бесплатен туристички викенд и околу 3.000 аплицирале за една од двете услуги.
-
Македонија 28.02.2017 15:50
Железничкиот сообраќај и натаму во прекин, се најавува радикализација на протестот
Радикализација на протестот ако не се исплати јануарската плата- најавуваат вработените во Железница. И патничкиот и товарниот сообраќај се сѐ уште во прекин. Од Синдикатот како следен чекор го посочуваат штрајкот со глад, велат оти не гледаат друг излез од оваа ситуацијата.
-
Македонија 28.02.2017 15:41
СЈО отвори нова предистражна постапка „Труст“
Со фалсификувани документи за сопственост и спецификација на градежни машини, менаџерите на Трансмет, Силекс и Вато незаконски добиле тендер за ископ на јаглен и јаловина во битолски Суводол, објави Специјалното обвинителство.
-
Македонија 28.02.2017 15:30
Нов пристап за ресоцијализација на осудени лица
Лицата што издржуваат затворска казна во тетовскиот и штипскиот затвор покажуваат максимален интетрес за проектот „Стручно образование и обука“- нов пристап за ефективна социјална фклученост. Сите курсеви започнатати минатата година се во завршна фаза.










