Во резолуцијата на Европскиот парламент (ЕП) за напредокот на Албанија, Европратениците инсистираат на фактот дека се „потребни напори за да се заштитат правата на малцинствата во Албанија“. Во текстот на резолуцијата е наведено дека е потребно спроведување на законодавството во оваа област.
-
Македонија 15.02.2017 14:39
-
Македонија 15.02.2017 14:08
Европски пари за водоводниот систем во Гевгелија
Во Гевгелија почнува реализацијата на унапредување на водоводниот систем преку европските претпристапни фондови. Вкупната вредност на проектот изнесува 1,7 милиони евра.
-
Македонија 15.02.2017 13:45
Лицата со посебни потреби бараат поквалитетна здравствена заштита
Поквалитетна здравствена заштита за лицата со посебни потреби бараат здрженијата кои ги штитат нивните права. Сметаат дека треба да бидат ослободени од партиципација при здравствената заштита. Приоритет им е и зголемување на листата на лекови кои ќе ја подобрат нивната здравствената состојба.
-
Македонија 15.02.2017 13:06
Морскиот лав угинал поради камен во желудникот
Утврдена е причината за угинувањето на морскиот лав во скопската Зоолошка градина. Несовесни посетители фрлиле камен кој бил проголтан од животното.
Како што истакнаа од Зоолошката градина, поради голтањето, на лавот му се затнале хранопроводот и желудникот.
-
Македонија 15.02.2017 13:03
УХМР: Овој викенд врнежи од дожд, наредниот од дожд и снег
Според прогнозите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) до петок времето ќе биде претежно сончево и топло, викендот особено во недела можни врнежи од дожд, а на повисоките места снег.
-
Македонија 15.02.2017 10:28
ОМД: Да се формира стабилна влада, но без уцени
Се следат со голем интерес актуелните политички збиднувања во земјава. Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) поддржува формирање стабилна влада и излез од двегодишната криза, но политичарите не смеат да ги прифаќаат уцените кои им ги наметнуваат коалиционите партнери.
-
Македонија 15.02.2017 10:25
Кавадарци: Јавна расправа за решенија против загадувањето
Кавадарци денеска организира јавна расправа на која ќе се бараат решенија против загадувањето на воздухот со микрочестички.
Во земјава, оваа општина, како и Скопје и Тетово, најмногу се погодени од аерозагадувањето.
-
Македонија 15.02.2017 10:19
Нивото на Охридско Езеро еден сантиметар над дозволениот минимум
Нивото на Охридското Езеро е еден сантиметар над дозволениот минимум, соопшти денеска УХМР.
Неделната хидролошка информација покажува и дека водостоите на Вардар кај Јегуновце, Скопје, Велес и Демир Капија, како и на Треска кај Македонски Брод, се над просекот за февруари.
-
Македонија 15.02.2017 10:18
Финансиска поддршка од ЕУ за унапредување на водоводниот систем во Гевгелија
Во Гевгелија почнува реализацијата на унапредување на водоводниот систем преку европските претпристапни фондови. Вкупната вредност на проектот изнесува 1,7 милиони евра.
Ќе се градат бунари, пумпи, станици за хлорирање, водоводна мрежа и резервоар од илјада кубни метри.
-
Македонија 15.02.2017 10:13
Евзони и натаму блокиран, Дојран отворен само за патнички возила
И натаму е блокиран Евзони, главниот македонски премин кон Грција, поради штрајкот на грчките земјоделци. Преминот Меџитлија, кај Битола е отворен за сообраќај за сите возила, а Дојран само за патнички, информираат од Автомото сојузот на Македонија.








