Нови шест бесплатни терапии за малигни болести се воведуваат на Клиниката за онкологија. Цитостатиците за карцином на кожата и на бубрезите се достапни веќе неколку месеци.
-
Македонија 14.02.2017 15:15
-
Македонија 14.02.2017 14:34
Метео: Сончево време со максимална температура до 14 степени
Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со умерен повремено засилен ветер од северен правец.
Утринската температура во поголем дел од земјата ќе биде негативна, а максималната дневна ќе достигне до 14 степени.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
-
Македонија 14.02.2017 13:30
Се набавува современа терапија за болните од рак
На Клиниката за онкологија се набавува современа терапија за лекување на малигни заболувања. Веќе се применуват цитостатиците за рак на бубрег и на кожа, а ќе се набавуваат уште четири вида. Со овие цитостатици ќе бидат опфатени околу 200 пациенти.
-
Македонија 14.02.2017 13:13
Нова спортска сала во училиштето „Св. Кирил и Методиј“
Нова спортска сала се гради во основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.
-
Македонија 14.02.2017 12:18
Судијата Џолев поднесе кривична пријава против Лазаров
Судијата Иван Џолев, преку неговиот адвокат Стеван Павлески, поднесе кривична пријава против Јордан Лазаров, претседател на Комисијата во Советот за утврдување факти.
-
Македонија 14.02.2017 12:15
Јанева во Советот на обвинители ќе образложи зошто се откажа од „Пуч“
Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева пристигна во Советот на јавни обвинители, каде треба да образложи зошто Специјалното јавно обвинителство го повлече обвинението за предметот „Пуч“.
-
Македонија 14.02.2017 11:20
Руско МНР: Лавров никогаш не зборувал за поделба на Македонија
Министерството за надворешни работи на Русија го оцени како „чиста провокација“ написот објавен од македонската редакција на Дојче веле, во кој, како што се наведува, бил направен обид на шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров да му се припише идејата за поделба на Македонија. Целта на напис
-
Македонија 14.02.2017 10:37
Традиционално закројување на лозјата во чест на Свети Трифун
Денеска традиционално се закројуваат лозјата во чест на Свети Трифун - заштитникот на лозарите. Во Македонија има 88 милиони пенушки засадени на површина од над 23 илјади хектари. Се произведуваат 78,5 милиони литри вино на точење и 28,05 милиони литри во шишиња.
-
Македонија 13.02.2017 16:13
Партиите тактизираат, повиците за брзо формирање влада продолжуваат
Повиците за брзо формирање влада продолжуваат, партиите сѐ уште затворени на внатрешни консултации, но, и за подетални информации за јавноста. Од СДСМ велат дека има меѓусебна комуникација, но, не и средби и разговори на повисоко ниво.
-
Македонија 13.02.2017 15:55
Цистерни со нафта низ Меџитлија, блокадите на Евзони продолжуваат
По над двонеделните блокади на граничните премини Евзони и Дојран, во меѓуграничниот простор на Меџитлија, долга е колоната на тешките товарни возила. Актуелната состојба наложи да се направат отстапки во транспортот на акцизните стоки.










