Поводот за бакнеж и прегратка ги спојува обичаите и религиите. Католичкиот празник Свети Валентин, заштитник на вљубените, и годинава одбележан од помладите кои веруваат во љубов, сакаат и сакаат да бидат сакани. Вино, вкусни колачиња, рози и балони.
-
Македонија 14.02.2017 16:50
-
Македонија 14.02.2017 16:33
Македонските лозари го празнуваат Свети Трифун
Со вино и музика, македонските лозари го прославија Свети Трифун. На празникот на вербата во плоден род и добро вино, се закројуваат лозите. Мераклиите на пијалокот на боговите, се надеваат на бериќетна година.
-
Македонија 14.02.2017 16:08
ДУИ го разгледува документот од СДСМ
Во Мала Речица се разгледува документот испратен од Бихаќка. Од ДУИ не сакаат ништо да коментираат. Од СДСМ велат- ќе овозможи брзо собирање на потребните потписи за мнозинство. Ниту Социјадемократите ниту Интегративците не ја откриваат содржината.
-
Македонија 14.02.2017 15:57
Советот ја одложи расправата за судијата Џолев
Судијата Иван Џолев дојде во Советот за утврдување факти за нова преставка против него, но, на претседателот на Комисијата, Јордан Лазаров, му пренесе дека му поднесол кривична пријава за злоупотреба на службената должност.
-
Македонија 14.02.2017 15:49
Поднесени 318 амандмани на резолуцијата за Македонија во ЕП
Вкупно 318 амандмани се поднесени на предлог резолуцијата за нашата држава во Европскиот парламент.
-
Македонија 14.02.2017 15:32
Пет обвинители ќе објаснуваат зошто СЈО се откажа од случајот „Пуч“
Петмина обвинители од специјалното обвинителство идната недела ќе се состанат со нивните колеги од Советот на јавните обвинители и ќе ги образложат причините зошто СЈО се откажало од кривичен прогон на обвинетите во случајот „Пуч“.
-
Македонија 14.02.2017 15:15
Нови шест бесплатни терапии за малигни заболувања
Нови шест бесплатни терапии за малигни болести се воведуваат на Клиниката за онкологија. Цитостатиците за карцином на кожата и на бубрезите се достапни веќе неколку месеци.
-
Македонија 14.02.2017 14:34
Метео: Сончево време со максимална температура до 14 степени
Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со умерен повремено засилен ветер од северен правец.
Утринската температура во поголем дел од земјата ќе биде негативна, а максималната дневна ќе достигне до 14 степени.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
-
Македонија 14.02.2017 13:30
Се набавува современа терапија за болните од рак
На Клиниката за онкологија се набавува современа терапија за лекување на малигни заболувања. Веќе се применуват цитостатиците за рак на бубрег и на кожа, а ќе се набавуваат уште четири вида. Со овие цитостатици ќе бидат опфатени околу 200 пациенти.
-
Македонија 14.02.2017 13:13
Нова спортска сала во училиштето „Св. Кирил и Методиј“
Нова спортска сала се гради во основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.










