Според препораките на здравствените власти, бремените жени и хронично болните лица над 60 години поради екстремно ниските температури и денеска треба да бидат ослободени од работа, а за работите на отворено да се реорганизира работното време.
-
Македонија 10.01.2017 08:17
-
Македонија 10.01.2017 07:58
Коловозите со остатоци од снег, се препорачува внимателно возење
Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по влажни коловози, со остатоци од снег. Како што соопшти АМСМ, поради ниски температури наместа е можна појава на голомразица.
-
Македонија 09.01.2017 16:41
Студеното време го наполни пунктот за бездомници „Момин поток“
Починатиот 68- годишен бездомник веројатно е првата жртва на поларниот студ. Ова се првичните претпоставки. Телото е дадено на обдукција за утврдување на причините за смртта која ја пријавил негов пријател, исто така, бездомник. Полицијата разговарала и со синот на починатиот.
-
Македонија 09.01.2017 16:03
Продолжуваат превирањата во ССМ
Членовите на четирите грански синдикати кои пред една недела беа исклучени од ССМ излегоа на протест затоа што не им било дозволено да влезат во зградата на синдикатите.
-
Македонија 09.01.2017 15:44
Полни амбуланти, дефекти во водоводната мрежа- студот предизвика проблеми во Прилеп
Грип, вирусни заболувања, дефекти, замрзнати воедомери и инсталации. Студот и поларните температури го земаат данокот во секојдневието на прилепчани. Во Итната помош има двојно повеќе интервенции, преку 200 во денот.
-
Македонија 09.01.2017 15:11
СДСМ: Македонија се соочува со недостиг на струја
Од СДСМ велат- Македонија се соочува со недостиг на струја, па затоа се распишуваат тендери за интервентен увоз. Од партијата сметаат дека за претходните два дена е набавена струја по цена 36 насто повисока од дозволената увозна цена.
-
Македонија 09.01.2017 15:00
Зоолошка градина: Животните згрижени и на поларни температури
На овие минусни температури ретко кој помислува да ја посети скопската Зоолошка градина. Екипата на Македонската телевизија дојде денеска овде, ги посети животните чии природни услови се од тропски до сибирски, а тие весели и разиграни и секогаш расположени за гости.
-
Македонија 09.01.2017 14:54
Препораки за заштита од студеното време
Не излегувајте надвор без потреба, конзумирајте топли напитоци, не пијте алкохол - препорачуваат од Комисијата за заштита на здравјето на населението од студеното време. советуваат, внимателно кога се движите надвор, многу лесно може да дојде до повреда или скршеница.
-
Македонија 09.01.2017 14:48
Коцијанчич: ЕУ очекува брзо формирање нова влада на Македонија
Реакција на Брисел по врачувањето на мандатот на Груевски. Европската комисија, вели портпаролката Коцијанчич, бара брзо формирање на влада, по што би следело и спроведувањето на итните реформски приоритети.
-
Македонија 09.01.2017 14:40
Груевски го доби мандатот за формирање влада
На истекот на десетдневниот рок, Претседателот на државата Ѓорге Иванов ја исполни уставната обврска и му го додели мандатот за формирање влада на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.









