Во земјава почна вакцинацијата против сезонскиот грип. Таа ќе се одвива од 8 до 18 часот од понеделник до петок и од 8 до 14 во сабота.
-
Македонија 27.10.2016 10:25
-
Македонија 27.10.2016 10:19
Нема повредени македонски граѓани во серијата земјотреси во Италија
Нема повредени македонски граѓани во синоќешниот земјотрес што ја погоди централна Италија. Земјотресот бил со магнитуда од 6,1 Рихтери, но оваа информација подоцна е коригирана од Цивилната заштита на Италија, според која земјотресот бил со јачина од 5,9 Рихтери.
-
Македонија 26.10.2016 17:09
ДИК: За гласање пријавени 1.519 граѓани кои живеат во странство
Вкупно 1.519 граѓани на Република Македонија кои живеат во странство се пријавиле до денеска до 15 часот се пријавиле за гласање преку електронската апликација на веб страната на Државната изборна комисија.
-
Македонија 26.10.2016 16:55
Метео: Облачно време со локални врнежи од дожд
Во текот на утрешниот ден во Македонија се очекува претежно облачно време со умерен до засилен ветер од северен правец.
Кон крајот на денот и во текот на ноќта ќе има локални врнежи од дожд кои на места ќе бидат со умерен интензитет.
-
Македонија 26.10.2016 16:39
Вработените во администрацијата да не се злоупотребуваат во изборниот процес
Вработените во јавниот сектор да не вршат партиски активности и политичка пропаганда во текот на работното време, да се однесуваат професионално и политички неутрално- порачуваат од Министерството за информатичко општество и администрација.
-
Македонија 26.10.2016 15:44
Почнува граѓанската акција „Ние одлучуваме“
Регистрација на злоупотреби на институции за изборни цели, закани или заплашивања граѓани, инфомирање на јавноста за актуелните случувања. Ова се целите на граѓанската акција насловена „Ние одлучуваме“, која во пресрет на изборите има за цел да го мотивира електоратот да излезе на гласање.
-
Македонија 26.10.2016 15:10
Хелсиншки комитет: Наместо критики, ОЈО да почне со борба против корупцијата
Наместо анонимни критики на Специјалното јавно обвинителство, Основното јавно обвинителство да ја почне борбата со коруцијата, порачаа од Хелсиншки комитет, реагирајќи на писмото кое беше лиферувано во јавноста.
-
Македонија 26.10.2016 15:05
Нови 10 подвижни аптеки во 10 региони
Десет нови лиценци за „подвижни аптеки“ во десет реони. Оваа одлука вчера ја донело Министерството за здравство. Доделени се за Велес, Чашка, Градско и Лозово.
-
Македонија 26.10.2016 14:10
Од утре вакцинација против сезонски грип
Во Центарот за јавно здравје-Скопје од утре почнува вакцинацијата против сезонски грип.
Како што информираат од Центарот, вакцинацијата ќе се одвива од 8 до 18 часот од понеделник до петок и од 8 до 14 часот во сабота. Цената на една вакцина изнесува 400 денари.
-
Македонија 26.10.2016 13:52
Отворена нова градинка во Горно Лисиче
Во скопската населба Горно Лисиче отворена нова детска градинка со капацитет за 100 деца. Инвестиција вредна 14 милиони денари. Годинава се отворени 12 објекти, а за 10 години се изградени 54 градинки за згрижување на деца од предшколска возраст.










