Македонија е домаќин на Есенската сесија на Парламентарното Собрание на Организацијата за безбедност и соработка на Европа. На собирот учествуваат делегации од 51 земја од Европа, Централна Азија и Северна Америка.
-
Македонија 30.09.2016 10:10
-
Македонија 29.09.2016 17:12
Во ноември судење за протестите пред Општина Центар
Судењето на обвинетите кои учествуваа во протестите пред Општина Центар е закажано за 21 ноември - информираат од Кривичниот суд.
-
Македонија 29.09.2016 16:41
Спасовски со 11 измени во полицијата
Нови раководители на 7 сектори и 4 оддели во МВР. Ресорниот министер Спасовски вели дека постапува законски и според измените во законот за влада и договорот од Пржино. Сменети се првите луѓе во секторите за внатрешни работи Скопје, Куманово, Битола, Штип, Охрид, Велес и Струмица.
-
Македонија 29.09.2016 16:26
Вајгл: Очекуваме демократски избори и резултати прифатени од сите
Очекуваме демократски избори и резултати прифатени од сите. Важно е во овој момент да видиме волја кај сите политички играчи во Македонија, да се борат против корупцијата.
-
Македонија 29.09.2016 16:12
Кардиоваскуларните заболувања косат
Секој втор граѓанин во Македонија лани починал поради кардиоваскиларни заболувања - податоците од Институтот за јавно здравје алармантни. Ризик фактори нередовната физичка активност, пушењето, исхраната, стресот.
-
Македонија 29.09.2016 15:47
Стотици Македонци умираат поради загаден воздух
Во Македонија годишно се губат околу 640 човечки животи поради преголемо загадување на воздухот, покажува истражувањето на 17 граѓански организации од Југоисточна Европа. Според податоците од четиригодишниот проект, најголем загадувач е енергетскиот сектор.
-
Македонија 29.09.2016 15:30
ОЈО: СЈО ги има деталите за смртта на Крпач
Записникот којшто се чува во СЈО, а ги содржи податоците кој и како му се заканувал на Коста Крпач, ги има одговорите зошто скопјанецот поврзан со случајот „Трезор“ си го одземал животот, велат од Скопското обвинителство.
-
Македонија 29.09.2016 15:26
Тодоров: Ќе се намали чекањето кај уролог
Преку „Мој термин“ зголемен број на упатите кај уролог. Матичниот доктор давал упат, а специјалистот повторно го враќал назад, појаснува ресорниот министер за здравство Тодоров. Во иднина матичните лекари најпрвин ќе прават примарни тестови, па потоа ќе даваат упат за специјалист- уролог.
-
Македонија 29.09.2016 15:13
Спасовски: Смена на 11 началници и раководители
Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски направил кадровски смени во 7 сектори и во 4 оддели на министерството. Именувањето на новите раководители е согласно со моите овластувања и политичкиот договор, вели Спасовски.
-
Македонија 29.09.2016 14:50
Кирацовски: Да се одложи оценувањето на администрацијата до крајот на 2017
Дополнителниот заменик- министер за информатичко општество и администрација Кирацовски изјави дека покренал иницијатива да се одложи оценувањето на јавната администрација до крајот на 2017 година.










