Денеска до крајот на работното време истекува рокот за пријавување штети од невремето во скопскиот и во тетовскиот регион.
-
Македонија 02.09.2016 10:28
-
Македонија 02.09.2016 10:20
Попоски на министерски состанок во Братислава
Вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски денеска и утре во Братислава ќе учествува на неформалниот состанок на министри за надворешни работи на земјите-членки на Европската унија и земјите-кандидати за членство во ЕУ: Македонија, Албанија, Црна Гора, Србија и Турција.
-
Македонија 02.09.2016 10:14
Субвенции за набавка на добиток
Огласот е за набавени јуници, овци, кози и свињи, а висината на подршката е до 6,5 милиони денари по корисник.
-
Македонија 02.09.2016 08:33
Жбогар ја презема функцијата шеф на Делегацијата на ЕУ во Македонија
Новоименуваниот шеф на Делегацијата на Европската унија во Македонија, Самуел Жбогар денеска ќе му ги предаде акредитивните писма на македонскиот претседател Ѓорге Иванов.
-
Македонија 02.09.2016 08:29
Собранието треба да ја избере преодната влада
Собранието треба да одржи седница за избор на новата влада во која според договорот на лидерската четворка од СДСМ се двајца министри во ресорите внатрешни работи и труд и социјала и тројца дополнителни заменици министри во финансии, информатичко општество и земјоделство.
-
Македонија 01.09.2016 21:13
Оливер Андонов избран за нов министер за внатрешни работи
Со 65 гласови „за“ и ниту еден против и воздржан, Собранието денеска го избра Оливер Андонов за нов министер за внатрешни работи. На гласањето не присуствуваа пратениците од СДСМ.
-
Македонија 01.09.2016 16:23
Собрание: Расправа за нов министер за внатрешни работи по оставката на Чавков
Министерот за внатрешни работи Митко Чавков поднесе оставка. За неговото место е предложен професорот Оливер Андонов. По изборот на новата влада која ќе треба да ги спроведе изборите, Андонов ќе стане дополнителен заменик- министер, бидејќи министерското место оди во рацете на кадар од СДСМ.
-
Македонија 01.09.2016 15:57
Акција „Мрежа“: Приведени нарко дилери од Струга и Велешта
Дваесетиосумгодишен стружанец набавувал кокаин и марихуана од соседна Албанија, па во својот дом во село Велешта ги препакувал во помали количини. Организирал мрежа на препродавачи, кои добивале одреден процент за дрогата што ја продавале по различни цени и количини.
-
Македонија 01.09.2016 15:49
Комплетиран составот на Комисијата за следење на медиумското известување
Ќе бидам пример за добра соработка- изјави Љуљзим Хазири, петтиот член на ад-хок телото кој беше избран на лидерската средба на која се утврди датумот за избори. Вели дека не се пријавил за член на ад-хок телото. Колегите го известиле за изборот.
-
Македонија 01.09.2016 15:39
Одложено судењето на новинарот Зоран Божиновски
Повреди во водењето на постапката и во правото на одбрана – ова се наодите кои пред Апелацискиот суд ги истакнаа адвокатите на обвинетите во случајот „Шпион“. Бараат да се укине првостепената пресуда, која според нив е необјективна и не докажувала кривично дело шпионажа.










