• Македонија 23.08.2016 10:13

    УХМР: Облачно, повремен дожд и грмежи

    За денеска се најавува променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, а во јужните делови поројни дождови кои ќе бидат проследени со грмежи.

    Ќе дува засилен ветер од северен правец, особено долж Повардарието и во Пелагонија, информираат од УХМР.

  • Македонија 23.08.2016 10:02

    Коѕиас во четврток во Скопје

    Грчкиот шеф на дипломатијата Коѕиас во четврток доаѓа во Македонија. Европската перспектива на државата- тема на разговор со министерот за надворешни работи, Никола Попоски.

    Коѕиас во Скопје ќе се сретне со македонски дипломати, а ќе има и свое обраќање.

  • Македонија 23.08.2016 09:58

    Следуваат подобри временски услови за земјоделството

    Состојбата со земјоделското производство е вообичаена за овој период од годината. Влажноста во почвата е добра, особено во подлабоките слоеви што ќе придонесе за зреењата на овошките, раните сорти на десертно грозје како и зреењето и бербата на тутунот.

  • Македонија 23.08.2016 08:02

    На граничните премини задржувања до 20 минути

    Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани, по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

  • Македонија 23.08.2016 08:00

    Седници на три собраниски комисии

    Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за земјоделство, шумарство и водостопанство,  за образование, наука и спорт и Законодавно-правната комисија.

  • Македонија 22.08.2016 15:53

    Тачи, Бонева и Ибраимовски на распит во СЈО

    „Кога зборува правдата политиката треба да молчи“ изјави лидерот на ДПА Мендух Тачи по едночасовниот распит во Специјалното јавно обвинителство. Не откри за кој случај бил повикан.

  • Македонија 22.08.2016 15:40

    Метео: Утре променливо облачно со повремени врнежи од дожд

    Утре во Македонија ќе преовладува променливо облачно посвежо и ветровито време со повремени врнежи од дожд, локално поројни со грмежи.

  • Македонија 22.08.2016 15:30

    Нов центар за физикална терапија во „8-ми Септември“

    Турска бања, сауна, базени и џакузи, по 12 години болницата „8-ми Септември“ ќе добие нов, модерен центар за физикална терапија. Дел од услугите ќе ги покрива фондот за здравствено осигурување, а дел ќе бидат и комерцијални.

  • Македонија 22.08.2016 14:55

    Собрани 740 илјади евра парична помош, акцијата продолжува до петок

    До петок се продолжува периодот на хуманитарната акција на Црвениот крст за собирање средства и пари за загрозените во поплавите во Скопско.

    Досега се собрани околу 740 илјади евра во пари, средства и во опрема кои ќе бидат дистрибуирани по утврдувањето на критериумите за распределба.

  • Македонија 22.08.2016 14:52

    Почна исплатата на авансната помош

    Почна исплатата на авансната помош на загрозените во неодамнешните поплави. Во секое село има пункт на кој граѓаните се информираат дали на нивната сметка пристигнала паричната помош. Парите ќе се префрлаат етапно во следниот период на сите загрозени семејства.

Pages