На граничните премини денеска се можни задржувања од околу 20 минути за влез и излез од државата, информира Авто мото сојузот на Македонија.
-
Македонија 19.08.2016 08:30
-
Македонија 19.08.2016 08:25
Истекува рокот за пријавување на спорните гласачи во ДИК
Денеска истекува рокот за пријавување во Државната изборна комисија на граѓаните со спорни записи во Избирачкиот список. Заклучно со вчера се пријавиле вкупно 6.984 граѓани, од 39.502 гласачи кои се сметаа за спорни во Избирачкиот список.
-
Македонија 18.08.2016 17:01
Ќе се испитува загаденоста на почвата во поплавените подрачја
Ќе се испитуваат загаденоста и квалитетот на земјоделските површини во поплавените региони.
-
Македонија 18.08.2016 16:25
Повеќето улици во поплавените региони се проодни
Стотици војници на Денот на армијата се во кризните места и го прославуваат работно. Помагаат на семејствата што подбргу нивните домови да се вратат во нормална состојба. На терен се и инжинеријата и воената полиција. Повеќето од улиците во поплавените региони се проодни.
-
Македонија 18.08.2016 16:12
Допрва ќе се одлучува како ќе се делат средствата од фондот за солидарност
Над 700 илјади евра се собрани на жиро- сметката на Фондот за солидарност и преку телефонскиот број за донации.
-
Македонија 18.08.2016 15:32
Почна трката за индекс: Расте интересот за техничките науки
Универзитетите ги отворија вратите за студентите. Редици пред студентските прашања. Голем е интересот и за техничките науки, но, традиционално, најбарани се општествените науки.
-
Македонија 18.08.2016 15:05
Донирани речиси 45 милиони денари за помош во поплавените подрачја
Црвениот крст на Република Македонија соопшти дека досега се собрани 31.570.576 денари на сметката на Фондот на солидарност и 13.069.400 денари со повик на телефоните 075/070/077 143 400.
-
Македонија 18.08.2016 14:30
Кражби во населените места погодени од поплавата
Регистрирани една тешка кражба и две кражби во Стајковци, Црешево и Економија, места погодени со неодамнешните поплави.
-
Македонија 18.08.2016 14:24
Речиси 7.000 граѓани со спорни записи досега пријавени во ДИК
Вкупно 6.984 граѓани чиишто записи во избирачкиот список по извршените вкрстени и теренски проверки се спорни, досега се пријавиле до Државната изборна комисија (ДИК).
-
Македонија 18.08.2016 13:43
Иванов: Да се води сметка за буџетот со кој располага АРМ
Стекнатото знаење и искуството изминативе 12 месеци беа ставени на тест, но Армијата го положи беспрекорно. Истовремено ја чува јужната граница од напливот на мигрантите и им помага на граѓаните зафатени од поплавите, за што веднаш беа ангажирани 2.600 нејзини припадници со 200 возила.










