СВР Скопје му поднесе кривична пријава на триесетгодишен скопјанец, откако претепал до смрт сограѓанин. Тепачката со смртни последици се случила пред ноќниот клуб „Мистик“.
-
Македонија 12.05.2016 13:08
-
Македонија 12.05.2016 12:56
Деветти научен собир на млади македонисти
Отворен деветтиот дводневен научен собир на млади македонисти - конференција во чест на Лилјана Минова-Ѓуркова. Професорите од Филолошки факултет „Блаже Конески“ велат дека овој собир е многу значаен за самиот факултет и воопшто за македонистите, бидејќи го покажува напредокот на младите.
-
Македонија 12.05.2016 12:21
ДИК ќе ги разгледува поднесените листи на кандидати за пратеници
Државната изборна комисија на седница ќе ги разгледува поднесените кандидатски листи. Според Законот има рок од 48 часа да ги провери дали се во согласност со Изборниот законик, а политичките партии доколку има неправилности во листите, исто така за 48 часа треба да ги корегираат.
-
Македонија 12.05.2016 11:37
Кривична пријава за апсолвентка поради убиство на дете при пораѓање
23- годишна скопјанка заработи кривична пријава за убиство на дете при пораѓање. За нејзината бременост не постоеле лекарски контроли, а била седми или осми месец во бременост. И покрај тоа таа тргнала на апсолвентска екскурзија.
-
Македонија 12.05.2016 11:21
Спасов на распит во СЈО
Поранешниот полициски специјалец и припадник на „Тигрите“, Игор Спасов кој е осуден на 14 години затвор за убиство на Мартин Нешковски, утрово повторно бил донесен на распит во Специјалното обвинителство под силно полициско обезбедување.
-
Македонија 12.05.2016 10:46
Македонски тим во борба за главна награда на НАСА
Македонскиот тим Авис е единствен од регионот што се пласира на глобалниот натпревар „Спејс апс челинџ“ на НАСА во категоријата „Избор на публиката“ и со своето иновативно решение се најде помеѓу најдобрите 25 тимови на светско ниво.
-
Македонија 12.05.2016 10:17
ВМРО-ДПМНЕ поднесе кандидатски листи, СДСМ, ДУИ и ДПА не одат на избори
ВМРО-ДПМНЕ до Државната изборна комисија (ДИК) синоќа поднесе листи со имиња на кандидати за пратеници, за предвремените парламентарни избори закажани на 5-ти јуни. Листи до ДИК, како што претходно најавија, не доставија СДСМ, ДУИ и ДПА.
-
Македонија 12.05.2016 10:04
Јоханес Хајндл на средби во Македонија
Денеска и утре во Македонија престојува германскиот специјален пратеник, амбасадорот Јоханес Хајндл. Во земјава ќе разговара со лидерите на партиите- потписнички на Пржинскиот договор за изнаоѓање решение за политичката криза.
-
Македонија 11.05.2016 17:11
Метео: Нестабилно со пороен дожд
Утре во Македонија претпладне ќе преовладува сончево време, а во попладневните часови почнувајќи од запад се очекува нестабилност со краткотраен пороен дожд.
-
Македонија 11.05.2016 17:00
Македонија привлечна за авантуристите
Македонија е една од најатрактивните туристички дестинации во Европа за луѓето кои трагаат по авантури.










