Се одложи судењето на браќата кои се обидоа да го убијат хирургот што ја оперираше нивната мајка, по што таа почина, а истовремено нападнаа и член на обезбедувањето на Клиничкиот центар.
-
Македонија 11.05.2016 16:22
-
Македонија 11.05.2016 15:57
Истекува рокот за кандидатски листи
Според роковникот за извршување на изборните дејствија, на полноќ истекува рокот за поднесување листи на кандидати за пратеници.Од ДУИ и од ДПА за МТВ потврдија дека до Државната изборна комисија нема да достават кандидатски листи.
-
Македонија 11.05.2016 15:08
Заев во Загреб на средба со Милановиќ
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев во Загреб, Хрватска, разговараше со претседателот на Социјал- демократската партија Зоран Милановиќ.
-
Македонија 11.05.2016 15:02
Попоски: Доаѓањето на Хајндл е добар сигнал
Специјалниот пратеник на германското МНР и амбасадор, Јоханес Хајндл, утре доаѓа во дводневна посета на земјава, потврди официјален Берлин. Хајндл ќе разговара со лидерите на четирите партии- потписнички на Пржинскиот договор, како и со амбасадорите на САД и ЕУ во земјава.
-
Македонија 11.05.2016 14:52
На обвинетите за тероризам и на оние кои им помагале ќе им се суди во една постапка
На обвинетите за тероризам од кумановската Дива населба и на оние кои им помагале ќе им се суди во една постапка. По барање на обвинителството, судот реши да ги спои двата предмета поради економичност.
-
Македонија 11.05.2016 14:35
НДМ ќе излезе на изборите на 5-ти јуни
Партијата Народно движење за Македонија на Јанко Бачев, ќе излезе на изборите на 5-ти јуни. Бачев, вели дека изборната битка ќе биде тешка, но сепак ќе оди на избори, затоа што смета дека тие се решение за излез од политичката криза.
-
Македонија 11.05.2016 14:30
Бејли: Со партиите сме во контакт и разговараме за излез од кризата
„Со партиите сме во контакт и разговараме за излез од кризата“- вели америкнаскиот амбасадор Џес Бејли за случувањата на политичката сцена.
-
Македонија 11.05.2016 14:22
Во Белград ќе се одржи конференција за продукција на интернет содржина
На состанокот ќе учествуваат новинари од 11 јавни телевизии, членки на ЕРНО како и преставници на ЕБУ и „Google news lab“.
-
Македонија 11.05.2016 13:19
Попоски: Надминување на кризата со сопствени сили
Утре во официјална посета на земјава пристигнува Јоханес Хајндл, специјалниот пратеник на германското Министерство за надворешни работи, кој треба да се вклучи во надминувањето на политичката состојба во земјава.
-
Македонија 11.05.2016 13:13
И годинава субвенции за научни трудови со импакт фактор
Министерството за образование и наука и годинава ќе доделува научни субвенции за истражувачите кои ќе објават труд во научни списанија со импакт фактор. Огласот трае до 31 август, а субвенцијата изнесува 30.000 денари.










