Демократската унија за интеграција (ДУИ) до Уставниот суд поднесе иницијатива за преиспитување на одлуката за распуштање на Собранието, потврди за Македонската телевизија портпаролот на партијата Бујар Османи.
-
Македонија 13.05.2016 14:40
-
Македонија 13.05.2016 14:33
Хајндл ги комплетира средбите со политичките лидери
Германскиот специјален пратеник и амбасадор, Јоханес Хајндл ја комплетира дводневната мисија во земјава. Денеска се сретна со лидерите на СДСМ, ДУИ и ДПА.
-
Македонија 13.05.2016 13:50
Во тек Конкурсот за стипендирање на студенти кои ќе се запишат на 100-те најдобри универзитети
До први септември трае конкурсот за доделување стипендии за студетните кои во академската 2016/2017 година ќе се запишат на студии на еден од најдобрите 100 универзитети во светот.
-
Македонија 13.05.2016 13:33
Зголемен бројот на заболени говеда од „јазлеста кожа“
Најнова вест за болеста јазлеста кожа, која го напаѓа крупниот добиток. Од вчера до денеска се заразени нови 40 животни, вкупниот број изнесува 580. Болеста е изолирана во источните краишта на земјава.
-
Македонија 13.05.2016 13:10
Хајндл на средби со политичките лидери
Бараме начин за повторно свикување на Собранието, изјави лидерот на ДУИ, Али Ахмети, по претпладневната средба во германската амбасада, пратеникот за Македонија Јоханес Хајндл. Германскиот дипломат имаше средба и со лидерот на СДСМ Зоран Заев.
-
Македонија 13.05.2016 12:34
Промовирана едицијата „Бајки од Македонија“
Приказните од македонското творештво добија нов модерен идентитет во едицијата „Бајки од Македонија“. Оваа едиција е составена од четири бајки од македонското народно творештво и е веќе достапна за љубителите на пишаниот збор.
-
Македонија 13.05.2016 10:08
Бегалска криза: Расте бројот на обидите за илегално преминување на границата
Зголемен е бројот на илегалните премини на грчко- македонската граница.
-
Македонија 13.05.2016 10:05
САД и ДУИ повикуваат за одлагање на изборите
Доколку има избори на 5-ти јуни, тие нема да придонесат за решавање на политичката криза во земјава, туку ќе ја загрозат евроатлантската интеграција, велат во Американската амбасада.
-
Македонија 13.05.2016 10:01
Заврши користењето на средствата од ИПАРД 1 програмата
Реализацијата на ИПАРД 1 беше најголема во последниве две години.
-
Македонија 13.05.2016 08:19
Хајндл на средби со претставници на потписниците на договорот од Пржино
Специјалниот пратеник на Германија за Македонија Јоханес Хајндл, кој престојува во дводневна посета на земјава, денеска ќе разговара со претставници на партиите потписнички на договорот од Пржино.










