Европската комисија бара конструктивна соработка на политичките партии во Македонија да обезбедат веродостојни и демократски парламентарни избори на 24-ти април, според договорот од Пржино.
-
Македонија 29.01.2016 13:06
-
Македонија 29.01.2016 11:16
Од почетокот на 2016-та издадени над 50 илјади потврди за азил
Во изминативе 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 1.837 странски државјани, од кои 754 се од машки пол, 392 се од женски и 691 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата.
-
Македонија 29.01.2016 11:12
Одземена акцизна стока од трговски и угостителски објекти
Во контрола на продажбата на акцизна стока во Битола, Прилеп, Охрид, Струга и Дебар во седум угостителски и два малопродажни објекти констатирани се неправилности при што се одземени алкохол и цигари, соопштуваат од Царинската управа.
-
Македонија 29.01.2016 10:30
Собранието ќе ја продолжи 85-тата седница
Собранието на Република Македонија денеска треба да ја продолжи 85-тата седница.
-
Македонија 29.01.2016 10:26
Дополнителни субвенции за професионалните земјоделци
Вкупно 10 милиони денари се обезбедени за младите и за професионалните земјоделци. Доколку фармерот е до 40 години, ќе добие плус 10, а 5 проценти правните лица како земјоделско стопанство.
-
Македонија 29.01.2016 08:32
Магла на повеќе патни правци
Појава на магла со видливост од 50-100 метри има на патните правци Тетово-Скопје, Скопје- Велес, Неготино-Д.Капија, Берово-Делчево и во Сарамзалино, соопшти АМСМ.
Сообраќајот на сите останати државни патишта се одвива без забрани и застои, по наместа влажни коловози.
-
Македонија 28.01.2016 16:49
Нови пет проекти за поддршка на младите
Тоа што ќе го ветиме пред граѓаните сакаме и да го оствариме. Целта ние да излеземе во пресрет на нивните потреби - изјави лидерот на ВМРО- ДПМНЕ, Никола Груевски кој промовираше 5 нови проекти за помладата популација.
-
Македонија 28.01.2016 16:40
ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на различни позиции за текот на преговорите во работните групи
Очигледно е дека СДСМ од вчера повеќе нема проблем со избирачкиот список. Се согласија дека методологијата за неговото пречистување предложена од ДИК, за нив е прифатлива, вели Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ.
-
Македонија 28.01.2016 16:20
Најмногу злоупотреби на личните податоци на социјаните мрежи
Виртуелната комуникација и социјалните мрежи ни го олеснија живеењето, но го зголемија ризикот од злоупотреба на личните податоци. Граѓаните сѐ почесто се жалат дека им се краде идентитетот, нивното име се користи за креирање лажни профили, се нарушува приватноста.
-
Македонија 28.01.2016 15:32
Метео: Утре утринска магла по котлините, продолжува периодот на сончево време
Продолжува периодот на сончево време со мала облачност.
Утре повторно ќе има услови за појава на утринска магла по котлините, а ќе дува и слаб до умерен северозападен ветер особено попладне долж Повардарието.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска










