Во изминативе 24 часа МВР издаде потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 1.784 странски државјани, од кои 751 се од машки пол, 369 се од женски, 660 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште четири деца кои патуваат без ро
-
Македонија 08.01.2016 11:01
-
Македонија 08.01.2016 10:55
Најстудено во Скопје и Берово
Времето во земјава е променливо облачно. Најстуден град изутрината беше Скопје со минус 4, и Берово со минус 3 Целзиусови степени. Денеска се очекуваат локални врнежи од дожд во западните делови од земјава и потопло време со температура до 11 степени.
-
Македонија 08.01.2016 10:49
Седум собраниски комисии, за пратениците прв работен ден во 2016-та
За пратениците во Собранието прв работен ден во 2016-та година. Како подготовка за пленарната сесијата закажана за в понеделник, седници ќе одржат седум комисии.
-
Македонија 08.01.2016 10:44
Зголемено производство на фуражни култури
Површините под фуражни култури бележат пораст. Производството на фуражната пченка која се користи за добиточна храна е зголемен на 26.000 тони или за 42 проценти во споредба со претходните години. Тоа се должи на зголемените површини под оваа култура за 26, и поголемите приноси за 13 отсто.
-
Македонија 07.01.2016 08:22
Православните христијани го слават Рождеството Христово-Божик
Православните христијани во Македонија денеска го слават Рождеството Христово-Божик. Во сите храмови на Македонската православна црква изутринава се одржуват божикни литургии.
-
Македонија 05.01.2016 16:41
Се гради нова градинка во Горно Лисиче
За шест месеци ќе биде изградена нова детска градинка во Горно Лисиче. Ќе има капацитет за 100 дечиња. Се гради во дворот на училиштето „Гоце Делчев“. Следејќи ја статистиката за наталитетот во Општина Аеродром, реална е потребата од градење детски градинки, велат надлежните.
-
Македонија 05.01.2016 16:29
Потрошувачите мака мачат со остварување на правата за гаранција на производите
Наместо 14 дена на плажите на Куба, оваа млада двојка за Нова Година и Божик останаа дома. Иако за патувањето навреме платиле 3.000 евра, пет дена од туристичката агенција им давале нелогични образложенија.
-
Македонија 05.01.2016 16:26
Експлозија на плинска боца во Драчево, 8-мина повредени
Попладнево, експлодираше плинска боца во семејна куќа во село Драчево.
Според првичните информации се повредени 8-мина, кои се пренесени на скопските болници, шестмина во старата Градска болница, „Свети Наум Охридски“, и уште двајца на ургентен со изгореници.
-
Македонија 05.01.2016 16:16
Демографи: Наталитетот е темел за развојот на едно општество
Рагањето на деца е радост за семејството, но и потенцијал за иднината на целата нација- велат демографите. Тенденцијата на зголемен број новородени деца е надеж за искоренување на белата чума која со децении е присутна во земјава.
-
Македонија 05.01.2016 15:52
Груевски: Наскоро нова програма за рурален развој
Две милијарди 46 милиони денари од државната каса за поддршка на земјоделството. Нова програма за рурален развој најави премиерот Груевски.










