Со указ на претседателот и врховен командант на оружените сили, Ѓорге Иванов, во повисоки генералски чинови унапредени тројца старешини во Армијата.
-
Македонија 30.12.2015 11:12
-
Македонија 30.12.2015 11:04
Истекува рокот за пријавување за „Најдобар млад научник“
Утре истекува рокот за пријавување на огласот за најпрестижното признание во земјава „Најдобар млад научник“. Конкурсот се распишува по петти пат, а наградата ја доделува претседателот Иванов.
-
Македонија 30.12.2015 10:44
Четворица цариници повредени во сообраќајка на автопатот Куманово – Скопје
Четворица цариници се повредени во сообраќајна несреќа што се случи изутрината на автопатот Куманово- Скопје. Се превртело комбе на Царинската управа.
Повредените се префрлени на скопските клиники. Засега нема информации за какви повреди станува збор.
-
Македонија 30.12.2015 08:40
Ќе се избира нов член на ДИК, на местото на Виолета Дума
Предлогот за разрешување на членот на Државната изборна комисија, Виолета Дума ќе го разгледува собраниската Комисија за избори и именувања. Таа ќе биде разрешена поради исполнување на услови за старосна пензија.
-
Македонија 30.12.2015 08:31
Учениците на зимски распуст
За околу 270.000 ученици во основните и во средните училишта денеска почнува зимскиот распуст.
Наставата од учебната 2015/2016 година ќе продолжи на 21 јануари 2016 година.
-
Македонија 29.12.2015 16:41
Имотен лист од дома во три чекори
Наместо на шалтер од денеска граѓаните и фирмите можат да нарачаат имотен лист од дома, од канцеларија или во движење. Пуштен е во употреба новиот Дистрибутивен систем на Катастарот.
-
Македонија 29.12.2015 15:57
Ќе се олесни работењето на фармацевтите и аптеките
Аптеката мора да издаде лек на осигуреник доколку го има на полица во рамките на својата квота и од 1 април 2016-та да издава фискална сметка на која ќе се види целосниот износ на лекот, партиципација и доплатата, ако има. Ова се две новини кои заедно со бришењето на казните кои се неоправдани
-
Македонија 29.12.2015 15:03
Метео: Од утре постудено време со значително пониски температури
Следува период на постудено време со значително пониски температури од досегашните. Во текот на утрешниот ден ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд, а на места е можен и слаб снег.
Овие временски услови ќе бидат проследени со слаб до умерен на моменти засилен северен ветер.
-
Македонија 29.12.2015 14:36
Случај „Пуч“: Укинат притворот на Зоран Верушевски
Прифатено е барањето за ослободување од притвор на Зоран Верушевски, првообвинет за „Пуч“. Судот решил да ја прифати кауцијата, потврдена со гаранција за имот, за да може поранешниот разузнавач да излезе од притвор.
-
Македонија 29.12.2015 14:20
Полициски службеници од Хрватска и Србија патролираат заедно со македонските на границата со Грција
За справување со предизвиците од бранот бегалци и мигранти, полициски службеници од Хрватска и Србија веќе патролираат на македонско- грчката граница заедно со македонските колеги.










