Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска – Ременски поднесе кривична пријава против дополнителниот заменик – министер Спасов и вработена службеничка во министерството.
-
Македонија 28.12.2015 15:32
-
Македонија 28.12.2015 15:22
Метео: Заладување од среда
Утре во Македонија ќе преовладува сончево време со слаба магла по одделни котлини особено претпладне.
Попладне ќе почне да дува умерен северен ветер кој што ќе ни донесе значително заладување и промена на времето од среда.
Гледајте МЕТЕО со Наташа Алексоска
-
Македонија 28.12.2015 15:14
71 година Македонско радио- 51 година Македонска телевизија
Пред 71 година за прв пат во етерот се слушна македонскиот збор на Радио Скопје. Пред 51, пак, од зградата во Нерези се емитуваше и првиот телевизиски Дневник. Оттогаш, со голем ентузијазам Македонската радио телевизија ги бележи сите настани автентично како на филмска лента.
-
Македонија 28.12.2015 13:18
Прво предупредување за долгот, а потоа наплата
Должниците ќе бидат предупредени пред да им бидат блокирани сметките. Можност сами да ги достават податоците што им се потребни на извршителите. Законските измени за извршување се во собраниска процедура. Граѓаните повеќе нема да имаат трошоци за деблокирање на сметка.
-
Македонија 28.12.2015 13:16
Новогодишна хуманитарна акција „Да споделиме радост“
Доделени подароци на децата со посебни потреби и на децата од семејства со социјален ризик- донација од Црвениот крст и ЕВН Македонија.
-
Македонија 28.12.2015 11:41
Притвор за негувателката од Скопје што малтретираше старица
Судија на претходна постапка и одредил осум дневен притвор на 64- годишната жена која се сомничи за кривично дело- телесна повреда.
Осомничената се товари за повреди нанесени на изнемоштена 84-годишна старица која и била доверена на чување.
-
Македонија 28.12.2015 11:15
МВР: За 24 часа издадени нови 3.954 потврди за азил
Во изминативе 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 3.954 странски државјани, од кои 1.552 се од машки пол, 812 се од женски, 1.579 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 11 деца кои патуваат без р
-
Македонија 28.12.2015 10:20
Тетово и Скопје најзагадени
Во Тетово, Скопје, Битола, Кичево и Кочани и денеска се регистрирани високи концентрации на ПМ 10 честички.
-
Македонија 28.12.2015 10:05
Минатата седмица вкупно 1.164 јавувања на „Ало докторе“
Изминатата седмица 1.164 лица побарале медицински совет на телефонската линија „Ало докторе“.
Како што соопшти ЈЗУ Здравствен дом Скопје, на сите лица кои се јавиле на „Ало докторе“ им е дадена здравствена помош со совет и соодветна симптоматска терапија.
-
Македонија 28.12.2015 08:27
Маглата го отежнува патниот сообраќај, воздушниот без проблеми
Маглата која утринава е присутна во одделни котлини во државата предизвикува отежнато движење на возилата на неколку патни правци, додека воздушниот сообраќај засега се одвива без проблеми.










