Владата на Република Македонија денеска на вонредна седница донесе повеќе заклучоци и препораки во врска со зголеменото ниво на загаденост на воздухот.
-
Македонија 27.12.2015 19:01
-
Македонија 27.12.2015 17:01
Груевски: Четири капитални културни објекти ќе се градат во 2016
Следната година ќе се градат четири капитални објекти во областа на културата, Драмскиот театар-Скопје, Театар Комедија, Конгресен центар на местото на Универзална сала и стариот римски театар кај археолошкиот локалитет Скупи.
-
Македонија 27.12.2015 15:02
Повисоки плати за лекарите специјалисти
Наредната година сите специјалисти во здравствените домови во Македонија ќе добијат зголемување на платите за околу 4.000 денари или 14,5 проценти, а лекари од општа пракса од Итната медицинска помош околу 2.700 денариили 11 проценти.
-
Македонија 25.12.2015 16:52
Божик- празник на семејството
Божикна светлина ја исполнува куќата на Марија Матиќ. Пет од нејзините седум деца со своите семејства и доаѓаат на гости. Возбуда и радост има во нејзиниот дом, како впрочем и во домовите на сите верниците од католичка вероисповед.
-
Македонија 25.12.2015 16:37
Итни и конкретни мерки против загадувањето
Состојбата со загадувањето во земјава е алармантна. 10 дена по ред, штетните честички во воздухот се неколку пати над дозволените граници. Скопје и Тетово се најзагадени. Министерот за животна средина ќе предложи превентивни мерки..
-
Македонија 25.12.2015 16:33
Слободан Чашуле- Интелектуалец кој не остана нем на општестевните случувања во Македонија
Енергичен по природа, сестран во спознанијата, триумфираше во виталноста, племенитоста и одговорноста. Афирматор и критичар на општествените текови во независна Македонија, Слободан Чашуле, новинар и дипломат, не оставаше простор за рамнодушност.
-
Македонија 25.12.2015 16:22
„Хај-тек“ - прва домашна инвестиција во Бунарџик
100 нови вработувања следната година. Во наредните седум уште двесте - домашната компанија „Хај-тек Асембли центар“ влегува во зоната Бунарџик. Вкупната инвестиција ќе ја заокружи на 20 милиони евра. „Хај-тек“ е компанија која е добавувач на голем број светски компании од автомобилскиот сектор.
-
Македонија 25.12.2015 15:56
Огревни дрва ќе се купуваат по нови правила
Граѓаните и фирмите од идната година ќе купуваат дрва по нови правила. Договорите за купопродажба ќе се прават по претходна апликација која што ќе треба да се поднесе во утврдени рокови, велат од Македонски шуми.
-
Македонија 25.12.2015 15:36
Јанева ќе побара куќен притвор и одземање на пасошот на Верушевски
На екс- разузнавачот Зоран Верушевски, првоосомничен во случајот „Пуч“ утре му завршува притворот. Обвинителка Јанева ќе побара куќен притвор и одземање на пасошот, потврдија од Специјалното обвинителство.
-
Македонија 25.12.2015 15:16
Промовирана енциклопедијата „ВМРО 1893-1924 година“
Енциклопедијата „ВМРО 1893-1934 година“ е спектар на настани, податоци, личности и архива за македонската историја од овој период.









