-
Македонија 18.11.2015 13:52
Кривична пријава за организирана група за криминал тежок над четири милиони евра
Министерството за внатрешни работи поднесе кривична пријава против организирана група македонски и странски државјани за криминал тежок над четири милиони евра сторен во период од 2004 до 2007 година. -
Македонија 18.11.2015 13:06
150 илјади болни од ХОББ во Македонија
Во Македонија има 150 илјади болни од ХОББ- хронична опструктивна белодробна болест. Само лани, околу 3.800 болни се јавиле на преглед со оваа дијагноза на Клиниката за пулмологија.
-
Македонија 18.11.2015 12:37
Специјалисти од Детската клиника на обука во Германија
Четиринаесен специјалисти од Детската клиника кои се занимаваат со проучување на дебелината кај децата ќе заминат на 30 дневна обука во Германија. Искуствата покаже дека тоа е земја од која може многу да се научи- велат лекарите.
-
Македонија 18.11.2015 12:33
Подобро справување и менаџирање на кризните состојби
Меѓународна научна конференција посветена на предизвиците и перспективите во областа на кризниот менаџмент. Разменети мислења и продлабочување на соработката меѓу различните сектори, во насока на подобро справување и менаџирање на кризните состојби.
-
Македонија 18.11.2015 11:02
МВР: За 24 часа издадени 1.590 потврди за азил
Во изминативе 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 1.590 странски државјани, од кои 860 се од машки пол, 283 се од женски, 310 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 137 деца кои патуваат без роди
-
Македонија 18.11.2015 10:18
Потпишување договор за изградба на експресниот пат Штип-Радовиш
Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и директорот на Јавното претпријатие за државни патишта Александар Стојанов денеска ќе потпишат договор со Европската банка за обнова и развој за финансирање на изградба на експресниот пат Штип – Радовиш.
-
Македонија 18.11.2015 09:49
Објавен повик за субвенции во рибарството
Сопстевениците на рибници може да поднесуваат барање за субвенционирање на производството.
-
Македонија 18.11.2015 09:21
Иванов на седница на Националниот совет за одржлив развој
Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов ќе се обрати на петтата седница на Националниот совет за одржлив развој со која ќе претседава вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.
-
Македонија 17.11.2015 16:58
Премиерот Груевски во посета на Бардовци и Злокуќани
Проблемите со кои се соочуваат жителите на Бардовци и Злокуќани директно му ги кажаа на премиерот Груевски. На самото место се сумираа информации и се договараа решенија за истите. Легализацијата најголем проблем и во двете места.
-
Македонија 17.11.2015 16:42
Се подготвува Етички кодекс за МРТ
МРТ ќе добие Етички кодекс со којшто се дефинираат правилата за професионално и одговорно однесување на вработените и начинот на нивната работа, заштитата на јавниот интерес, се обезбедуваат законитоста, непристраноста и неутралноста.










