Во последниве 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 2.217 странски државјани, од кои 1.174 се од машки пол, 406 се од женски, 534 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 103 деца кои патуваат без ро
-
Македонија 17.11.2015 11:03
-
Македонија 17.11.2015 10:50
Почувствуван земјотрес во Македонија, епицентарот во Грција
Силен земјотрес од 6,5 степени по Рихтер ја погоди Грција. Епицентарот бил во морето, на 15 километри од Лефкада, јужно од Крф, на длабочина од 5 километри.
Ударот најсилно бил почувствуван во Патрас, а во Атина бил со јачина од 5,9 рихтери.
-
Македонија 17.11.2015 10:49
Иванов во Париз им оддаде почит на жртвите во терористичките напади
Македонскиот претседател, Ѓорге Иванов, кој присуствува на годишната конференција на УНЕСКО, го посети местото во близина на концертната сала „Батаклан“ во Париз, каде во петокот беше извршен еден од терористичките напади.
-
Македонија 17.11.2015 10:36
Во Собранието се формира Анкетна комисија за прислушувањето
Пратениците денеска на пленарна седница треба да гласаат за одлуката за формирање Анкетна комисија за прислушкуваните аудио материјали. Формирањето на Комисијата е одобрено од надлежното собраниско тело за избори и именувања.
-
Македонија 16.11.2015 17:08
Надлежните на терен ги решаваат проблемите на жителите на Велешко
Германската инвестиција „Маркарт“ во зоната Караслари обезбеди посветла иднина за над стотина семејства во Велес. Градоначалникот Чадиев и премиерот Никола Груевски најавија дека уште две други компании се интересирале да инвестираат во зоната.
-
Македонија 16.11.2015 16:59
Надвор од животна опасност се 6-годишното дете и мајката што го фрли
Мајка го фрлила својот 6 -годишен син од четвртиот кат, а потоа таа самата скокнала. 37-годишната жена околу 9 часот излегла на тераса држејќи го детето в раце и заканувајќи се дека е сериозна во намерата. Сопругот и соседите се обиделе да ја премислат, но безуспешно. Мајката го фрлила детето.
-
Македонија 16.11.2015 16:56
Четирите партии се договорија за составот на Анкетната комисија за прислушувањето
Комплетирани предлозите од 4-те најголеми политички партии за составот на Анкетната комисија за скандалот со прислушувањето. Персоналниот состав попладнево треба да го утврди и одлуката да ја достави до Собранието. Првиот обид беше неуспешен.
-
Македонија 16.11.2015 16:05
Пругите во Македонија се безбедни
Пругите во Македонија се безбедни и по нив се вози со 120 километри на час, согласно со сите правилници – тврди раководството на МЖ Инфраструктура. Новите возови набавени од Кина без проблеми ќе сообраќаат низ целата земја.
-
Македонија 16.11.2015 15:47
Тероризмот да не му се испречи на човештвото
Светската јавност час поскоро да се избори, тероризмот да не му се испречи на човештвото. Последниот крвав чин на омраза во Париз да биде силен поттик за спречување на омразата меѓу народите. Ова беа пораките од конференцијата посветена на мултикултурализмот.
-
Македонија 16.11.2015 15:38
Водата во Струга забранета за пиење
Стружани повторно не смеат да ја пијат водата од градскиот водовод. Денешните испитувања што редовно ги спроведува Центарот за јавно здравје од Охрид покажаа дека водата не е третирана со хлор што е законска обврска и што е услов за нејзина безбедност.










