Засилени контроли на Српско-македонската граница. Српските власти почнаа да вршат селекција меѓу мигрантите и бегалците.
-
Македонија 19.11.2015 10:41
-
Македонија 19.11.2015 10:36
Американски конгресмени: Време е Македонија да стане дел од НАТО
Поради новите безбедносни промени во Европа, потребно е Македонија да биде дел од НАТО.
-
Македонија 19.11.2015 10:31
Нов испит за проценители за тутун
До 26-ти ноември ќе трае пријавувањето за полагање на испитот за добивање лиценци за проценка на тутунот.
Кандидатите треба да имаат високо, вишо или средно образование или искуство во производството и обработка на тутунот.
-
Македонија 18.11.2015 17:14
На Заев ќе му се суди за примање поткуп
Прифатено е обвинението со кое лидерот на опозицијата, Зоран Заев, се товари за поткуп.
-
Македонија 18.11.2015 17:02
Премиерот Груевски се потпиша во книгата на жалост за настраданите во Париз
Премиерот Никола Груевски се потпиша во книгата на жалост во Француската амбасада во Македонија, која е отворена по терористичките напади во Париз.
-
Македонија 18.11.2015 16:37
Потребни се конкретни мерки за справување со климатските промени
Иако Македонија нема конкретни обврски за намалување на емисиите на стакленички гасови, сепак како земја кандидат за влез во ЕУ ја следи европската политика во оваа област и на доброволна основа ги вгради и двата аспекта во националните извештаи за климатски промени.
-
Македонија 18.11.2015 16:28
ВМРО-ДПМНЕ со граѓаните ќе ја пишува новата изборна програма
ВМРО-ДПМНЕ новата програма за парламентарните избори ќе ја пишува со граѓаните. „На Македонија и треба твојата идеја“ под овој слоган владејачката партија ги повикува сите граѓани да ги достават предлозите.
-
Македонија 18.11.2015 16:12
На маса се сите сценарија доколку мигрантската криза ескалира
Од успехот во справувањето со една криза, зависат и последиците, велат од Центарот за управување со кризи. Безбедноста на ниедна земја од регионот и од Европа, вклучувајќи ја и Македонија, не е веќе гарантирана по тероризмот во Париз, но и по заканите низ Европа.
-
Македонија 18.11.2015 16:02
40 години затвор за трикратниот убиец од Кавадарци
Четириесет години затвор за Тони Станоев. Виновен е за три кривични дела убиство. Водејки се по кривичниот закон судијката Тања Милева посочи дека сторената вина на Станоев е од трет степен од правилникот за начин на одмерување на казна.
-
Македонија 18.11.2015 15:56
Случај Хаџиски: Мајката на Јошевска бара праведна пресуда
Ниедна сума на светот не може да ја надомести загубата што ја чувствувам по убиството на мојата ќерка. Секаква парична надокнада ја сметам за гнасна.










