Со интересот за обновување на старите и подигнување нови лозови насади се јави проблем која сорта повеќе ќе одгова на пазарот. Од винарските визби нема препораки што да садат, велат земјоделците.
-
Македонија 30.10.2015 09:55
-
Македонија 30.10.2015 08:20
Конференција за превенција на насилен екстремизам и радикализација
„Превенција на насилен екстремизам и радикализација што водат кон тероризам" е темата на националната конференција што ќе се одржи денеска, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.
-
Македонија 29.10.2015 16:44
Иванов: Одоговорно однесување на партиските лидери, обврските да се реализираат
„Одговорно однесување од лидерите на сите политички партии, потписници на договорот. Преземените обврски мора доследно да бидат реализирани“ - порака од претседалот Ѓорге Иванов по средбата со амбасадорските делегации на Чешка, Австрија, Словачка, Шведска, Хрватска и Словенија.
-
Македонија 29.10.2015 16:27
Економијата и здравството во фокус на пратеничките прашања
По „ОДВ Електрик“ која веќе работи во индустриската зона Oхрид/ Струга за месец и половина треба да се потпише договорот и со германската „Костал“ која произведува автомобилски делови. Двете фабрики ќе вработуваат околу 2.000 лица – одговори премиерот Никола Груевски на пратеничко прашање.
-
Македонија 29.10.2015 15:52
Одбележани 70 години од основањето на Врховниот суд
Врховниот суд се соочува со предизвик да ги оспори паушалните и неосновани критики за судството. Претседателката на судот, Неделкова упати апел да не се урива судскиот систем, зашто е штетно за државата и за граѓаните.
-
Македонија 29.10.2015 15:44
Македонија- регионален лидер во спроведување на реформи за иновации и претприемништво
Во конкуренција на 70 земји, Mакедонија е меѓу петте наградени држави на Eвропската конференција за иновации и претприемиштво која се оддржа во Џенова, Италија. Земјава станува лидер во регионот по спроведувањето на реформите од оваа област, вели заменик- министерот за образование Ристовски.
-
Македонија 29.10.2015 15:19
Милошоски: СДСМ бега од договорот
И натаму 4-те најголеми политички партии без договор околу надлежностите на новите министри и заменици-министри, според договорот од Пржино. Според Антонио Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ бега од договорот, со намера да се продлабочи политичката криза и Македонија да ја изгуби препораката.
-
Македонија 29.10.2015 15:10
Началникот на ГШ на АРМ Величковски се сретна со амбасадорот Шчербак
Началникот на ГШ на АРМ генерал-потполковник Методија Величковски денеска се сретна со амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, Олег Шчербак во рамки на протоколарните средби со дипломатските претставници акредитирани во државата.
-
Македонија 29.10.2015 14:55
Метео: Времето во наредните денови без поголема промена
Времето во Македонија и во наредните денови без поголема промена. И утре ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен источен ветер.
По одделни котлини ќе има појава на утринска магла и ниска облачност.
-
Македонија 29.10.2015 14:03
Меморандум за соработка меѓу полициите на Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово
Потпишан Меморандум за соработка меѓу полициите на Македонија, Црна Гора, Албанија и Косово. Преку него ќе се восопостави експертска група за преземање мерки против недозволената трговија со оружје во Југоисточна Европа, ќе биде и регулиран начинот за заемна соработка.










