Министерот за одбрана на Република Македонија Зоран Јолевски денеска и утре ќе учествува на Сеопфатниот регионален министерски состанок во формат А5-Јадранска повелба и процесот СЕДМ, што ќе се одржи во Дубровник, Република Хрватска.
-
Македонија 21.10.2015 08:55
-
Македонија 20.10.2015 16:27
Изградени 13 згради со социјални станови
Објавен е огласот за распределба на 101 стан во Демир Хисар и Прилеп. Може да аплицираат децата без родители и родилска грижа, корисници на социјална помош, лица погодени од елементарни непогоди, самохрани родители.
-
Македонија 20.10.2015 16:15
За прв пат во Македонија поставен стент на аневризма
Првпат во Македонија е поставен стент на аневризма на торакална аорта преку ендоваскуларен пристап. Тоа подразбира изведување на мал рез во препоната, каде што со тенка цевка преку феморалната артерија се стигнува до местото на проширувањето.
-
Македонија 20.10.2015 16:06
Трагедија во Врапчиште- ја убил сопругата со секира
Се искарале, па зел секира и ја удрил сопругата по главата. 49 годишен жител на гостиварско Врапчиште вчера на спиење ја убил пет години помладата сопруга. Влегол во спалната соба и со еден удар во вратот и пресудил на жената, инаку мајка на две полнолетни деца.
-
Македонија 20.10.2015 15:55
Шулин: Во дипломатијата не се лаже што се разговарало на средба
Словенечката пратеничката во Европскиот Парламент, Патриција Шулин со коментар за изјавите на Заев по средбите во Израел и демантите што следуваа од официјален Тел Авив.
-
Македонија 20.10.2015 15:53
Деновиве врнежи од дожд со променлив интензитет
Од денеска нашето подрачје е под влијание на влажна воздушна маса, што ќе услови врнежи од дожд со променлив интензитет.
-
Македонија 20.10.2015 15:28
Децата затруени со лекови надвор од животна опасност
Стабилна е здравствената состојба на децата од Делчево, на 7 и 4 годишна возраст што во неделата попладне по грешка испиле лекови за срце, мислејќи дека се бонбони. Итно биле пренесени на Детската клиника во Скопје.
-
Македонија 20.10.2015 13:10
Научното богатство на МАНУ достапно на интернет
Повеќе од 160.000 библиотечни единици, научен и стручен фонд кој го поседува библиотеката на МАНУ, отсега ќе биде достапен за јавноста. Здружението „Споделено знаење“ и МАНУ, потпишаа Меморандум за соработка со кој се воспостави функцијата „матичен википедијанец“.
-
Македонија 20.10.2015 13:01
Партиите не постигнаа договор
Партиите не успеаја да се договорат. Маратонската трета средба во Пржино не заврши како што очекуваше еврокомесарот Хан. Разочаран, но со слаб оптимизам замина од Скопје. Нови рокови не постави, единствено побара постоечките да бидат испочитувани и партиите да се договорат во текот на денот.
-
Македонија 20.10.2015 12:54
Во недела почнува зимското сметање на времето
Ноќта меѓу сабота и недела почнува зимското сметање на времето со што стрелките на часовникот ќе се поместат за еден час назад.
Тоа значи дека во 3 часот ноќта стрелките на часовникот треба да се вратат на 2 часот така што ќе се спие еден час повеќе.










