На патниот правец Маврово-Дебар во близина на манастирот „Бигорски“ се одронила поголема карпа.
Сообраќајот е пренасочен преку бензинската станица на Макпетрол. Екипи на „Македонија пат“ се на терен.
Низ целата земја сообраќајот се одвива по влажни коловози.










