Во срцето на градот, на Улица Македонија, почнаа градежните работи за обнова и приспособување на деловниот простор, што ќе се користи како канцеларија, едношалтерски систем. Странците во земјава ќе можат на едно место да ги добиваат сите работни дозволи.
-
Македонија 22.10.2015 14:02
-
Македонија 22.10.2015 13:29
Јолевски: Подготвени сме веднаш да бидеме дел од НАТО
СЕДМ процесот се докажа како одличен форум за регионална соработка во областа на безбедносни предизвици.
-
Македонија 22.10.2015 13:06
Белели: Се надеваме дека ќе се постигне договор
Не се откажуваме од европската перспектива на Македонија, но ќе се ангажираме за целосно исполнување на политичкиот дијалог, вели првиот италијански дипломат во земјава.
-
Македонија 22.10.2015 12:28
МВР: За 24 часа издадени 3.506 потврди за азил
Во последниве 24 часа издадени се потврди за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на вкупно 3.506 странски државјани, од кои, 1.836 се од машки пол, 649 се од женски, 768 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 253 деца кои патуваат без
-
Македонија 22.10.2015 12:22
Судењето за „Пуч“ одложено по четврти пат, ново рочиште на 13 ноември
Судењето за случајот „Пуч“ се одложи по четврти пат. Лидерот на СДСМ, Зоран Заев, кој се јавува како еден од обвинетите во овој предмет и денеска не се појави во Кривичниот суд во Скопје.
-
Македонија 22.10.2015 11:33
Средба Груевски- Солберг во Мадрид
Премиерот Грувески во Мадрид, во рамките на конгресот на Европската народна партија, оствари средба со норвешката премиерка, Ерна Солберг.
Двете страни согласни – во билатералните односи меѓу земјите нема отворени прашања, се карактеризираат со пријателство, почитување и поддршка.
-
Македонија 22.10.2015 11:13
Не запира бранот бегалци, Иванов во посета на транзитниот камп во Гевгелија
Над 18 илјади бегалци биле прифатени во последните три дена во транзитниот камп во Гевгелија, кој што денеска ќе го посети претседателот на државата Ѓорге Иванов.
-
Македонија 22.10.2015 10:41
Стареењето на населението на Балканот ќе предизвика недостиг на работна сила
Сите балкански земји, со исклучок на Албанија и Косово се соочени со проблемот на нискиот фертилитет, односно со ниска репродукција на населението. Ако на тоа се додаде иселувањето поради економски или други причини во иднина земјите од регионот ќе имаат недостиг од работна сила.
-
Македонија 22.10.2015 10:25
Одрон кај Бигорскиот манастир
На патниот правец Маврово-Дебар во близина на манастирот „Бигорски“ се одронила поголема карпа.
Сообраќајот е пренасочен преку бензинската станица на Макпетрол. Екипи на „Македонија пат“ се на терен.
Низ целата земја сообраќајот се одвива по влажни коловози.
-
Македонија 22.10.2015 10:22
Дожд над 50 литри на метар квадратен и снег на планините
Времето во земјава во текот на целиот ден ќе биде облачно со врнежи од дожд, што почнаа во раните утрински часови. Во претпладневните часови ќе се прошират низ целата земја и ќе бидат со умерен интензитет.










